Фото и рецепт: Маја Остојиќ – Пилешко во мед.
Маринадата може да се користи и за друго месо, но за пилешкото најмногу одговара. Внатре е сочно е меко, а однадвор добива убава крцкава коричка. Пробајте, ќе бидете воодушевени од вкусот.
Потребни состојки:
1 кг батаци и карабатаци, 2 лажици мед, 2 лажици кечап, 100 мл бело вино, сув зеленчуков зачин (вегета), црн пипер, оригано, босилек.
Постапка:
Месото убаво измијте го и исушете го со салветка или крпа. Ако го сакате на помали парчиња – исечете го. Во подлабок сад измешјате ги медот и кечапот со белото вино, па додадете ги сите зачини по вкус.
Потоа во приготвената маринада ставете го месото, поклопете го и оставете го во фрижидер преку цела ноќ за да ги впива вкусовите од зачините.
Следниот ден месото превртете го и ставете го да се пече во загреана рерна заедно со маринадата. Печете го во плех или огноотпорен сад, поклопено со капак или алуминиумска фолија, на 200 степени 45 минути од едната страна.
Потоа свртете го месото и продолжете да го печете на истата температура уште половина час, исто така поклопено.
По изминатото време тргнете го капакот или фолијата и печете уште 15-тина минути колку да се запече и да фати убава коричка. Уживајте во вкусот!
Фото и рецепт: Маја Остојиќ