Потребни состојки:

500 г пилешки гради

1 главица кромид

2 чешниња лук

100 г путер

200 мл неутрална, течна павлака за готвење

200 мл милерам

½ лимонов сок

Сол, црн пипер

Постапка:

Кромидот ситно исечкајте го па издинстајте го на путер додека да омекне.

Додадете ситно сечкано лукче и уште кратко издинстајте.

Додадете течна павлака за готвење и милерам, па оставете да зоврие.

Пилешкото исечкајте го на коцки и кратко пропржете го. Прелијте го со сосот и додадете малку лимонов сок по вкус.