Пилешко од рерна на малку поинаков начин…Пилето е печено како на ражен…целото се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 цело пиле, приближно 2 кг
500 мл пиво во лименка

Зачини:
1 голема лажица сол
1 голема лажица оригано
1 мала лажичка кромид во прав
1 мала лажичка лук во прав
1/2 лажичка кајенска црвена пипер во прав или чили
1/2 мала лажичка чадена или обична слатка црвена пиперка

ПОСТАПКА:

1.Измијте го пилето и избришете го со хартиена салветка да се собере сета влага од него. Потоа целото намастете го за да можат да се залепат зачините.

2.Зачините измешајте ги сите заедно, па убаво зачинете го пилето од надворешна, но и од внатрешна страна.

3.Отворете го пивото и сипете во чаша 120 мл. Лименката покријте ја со кујнска салветка или уште подобро со парче хартија за печење омекната со вода и изгужвана. Направете дупче кај отворот и поставете ја во калап за куглоф со обрач.

4.Пилето поставете го преку лименката. Проверете дали дупчето од лименката соодветствува на отворот, зашто во текот на печењето мора да излегува пареате низ него.

5.Пилето дозачинете го по потреба и на дното сипете го пивото што го одвоивте настрана. Ставете го да се пече во загреана рерна на 170 степени со вентилатор, на најдолната решетка, 2 часа, со повремено ротирање на секои 20 минути.

6.Печеното пиле многу внимателно отстранете го од калапот и лименката, внимавајќи да не се изгорите од пареата. Течноста во калапот процедете ја, а потоа со жица изматете ја 20-тина секунди.

7.Овој сос можете да го сипете врз пилето или врз прилогот (компир пире, ориз…). Постапката погледнете ја ОВДЕ.