ПИЛЕШКИ РОЛНИЧКИ ОД 4 СОСТОЈКИ…Повкусни не сум јадела…Прсти да излижеш…Освен пилешко бело месо, потребни ви се компири за прилог и фил од кашкавал со „мајонез“ од јајца. Сето тоа збогатено со зачини, добивате многу вкусно јадење…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
800 г пилешко бело месо
зачини
За прилог од компири:
350 г компири
30 мл масло
зачини
За „мајонез“ од јајца (може да користите и готов мајонез):
4 јајца
25 г лук
30 г сенф
20 мл оцет
250 мл масло
сол, црн пипер
Зачини:
сол, црвен и црн пипер, зачинска мешавина..
За фил:
150 г кашкавал рендан
35 г лук ситно сечкан
10 г магдонос ситно сечкан
ПОСТАПКА:
1.Компирите исечете ги на плочки, зачинете ги и полијте ги со масло, па наредете ги скалесто на плех 22х28 см, да се покрие дното.
2.Месото исечете го на тенки шницли, истенчете ги со чекан и зачинете ги.
3.Во тегла или висок сад скршете ги јајцата, посолете и запиперете, додајте мелен лук, сенф, оцет и масло. Со рачен блендер измиксајте ја смесата започнувајќи од дното и миксајте постепено движејќи се нагоре додека да згусне.
Може да користите и готов мајонез, че ви бидат потребни неколку лажици.
4.Во еден сад измешајте го ренданиот кашкавал со ситно сечканиот лук и магдонос.
5.Врз тенко парче месо ставете малку „мајонез“, посипете малку од мешавината со рендан кашкавал и свиткајте во ролат.
6.Ролатите од месо редете ги врз компирите. Одозгора премачкајте ги со малку „мајонез“ и печете ги во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.
Посипете ги со рендан кашкавал и допете ги уште 10 минути. Погледнете ја постапката ОВДЕ.