ПИЛЕШКИ РОЛАТИ…Обвиткани во сланина и испечени, а кога ќе ги гризнеш внатре те чека превкусен фил…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
700 г пилешко бело месо
450 г сланина сечена во ленти
сол, црн пипер
За фил:
1 голема црвена пиперка
2 чешниња лук
магдонос
сол, црн пипер, чили
150 г рендана кашкавал
ПОСТАПКА:
1.Пилешкото месо исечете го на тенки шницли и дополнително со кујнски чекан истенчете ги. Зачинете ги по вкус.
2.За фил: пиперката сомелете ја во блендер, додајте рендан лук, зачини и рендан кашкавал. Сето соединете го.
3.На работна површина наредете ленти сланина една до друга (5-6), а во средината поставете го месото. Филувајте ги и затворете го, а потоа свиткајте го како ролат сосе сланините.
4.Вака подготвените ролати ставете ги во огноотпорен сад и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.