Ролатите се незаменливи на секоја празнична трпеза, без разлика дали правите солени или слатки, а доколку сакате да се покажете како врвна домаќинка, задолжително пробајте го овој рецепт. Наместо да ја направите стандардната кора или бисквит, завиткајте ги состојките во бело месо. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 пилешки филети, 180 г суви кајсии, 60 г тврдо кашкавал, 50 г бадеми.

ПРВ РЕЦЕПТ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 кг мешано мелено месо, 3 дебели парчиња леб, 1 главица кромид, 1 главица лук, вегета, сол, црн пипер, 3 лажички црвен пипер, 1 рака и повеќе сечкан лист од магдонос, 1 мала шолја лебни трошки/презла, 1 јајце, 300 г тенко исечена панцета/сланина, 200 г кашкавал, 200 мл бело вино.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Ставете ги кајсиите во помал сад и прелијте ги со топла вода, па оставете ги да се хидрираат 10-тина минути. Направете го истото со бадемите. Сувите кајсии процедете ги, па изблендирајте ги, додека да се формира паста за премачкување.




Потоа, процедете ги бадемите и излупете ги од лушпата. Исечете го месото на половина по должина, но не до крај, за да се отвори повеќе. Малку исчукајте го со кујнско чеканче, па наросете го со ренданиот кашквалал. Одозгора премачкајте со пастата од кајсии и наредете ги бадемите.




Завиткајте го цврсто месото и прицврстете го со кујнски конец. Истото направете го и со второто парче месо и кратко пропржете го на масло, додека да фати фина коричка. Ролатите ставете ги на тава, подмачкана со масло и печете ги на 180°C, околу 20 минути.




Потоа, извадете ги од рерна, извадете го конецот и наросете ги со преостанатиот рендан кашкавал и печете ги уште 5 минути, додека кашкавалот да се растопи. Оставете малку да се оладат, па исечете ги на помали ролати и послужете ги покрај зелена салата. Ќе добиете вкусен ролат, а она што го подобрува неговиот вкус и му дава посебен вкус се сувите кајсии и бадемите.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во еден голем сад измешајте: месо, јајце, исечкан и малку пропржен кромид, леб натопен во млеко и издробен/изгмечен со раце, презла, исечкан лук, магдонос и зачини. Сето добро измесете го и соединете. Од оваа смеса ќе добиете два ролати/штрудли, со идеална дебелина за печење.




На приготвена алу-фолија ставете половина од месната смеса, па притискајќи со дланките формирајте правоаголник со дебелина од околу 1 см. Преку целата површина на месото нарендајте половина од кашкавалот, а потоа со помош на фолијата полека свиткајте во ролат.

Внимателно подвиткајте ги краевите и аглите за да не истекува кашкавалот при печењето. Кашкавалот можете да го ставите и централно по должина и да збогатите со неколку листови димено месо.




На второто парче алу-фолија наредете ја панцетата/сланината така што листовите малку да се преклопуваат, да добиете една целина. Одозгора ставете го месниот ролат, па повторно со помош на фолијата обложете го целиот ролат со сланина.

Покријте со алу-фолија или со капак и печете покриено на средина од рерната на 200 степени околу 30 минути. Потоа тргнете ја фолијата и продолжете со печење до крај, уште околу 35 минути.

Ролатот е готов кога ќе добие убава златно кафеава боја, а панцетата/сланината ќе стане крцкава. Кратко изладете, исечете на парчиња и послужете со барен зеленчук, компир и добро вино. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.