Супата е едно од најздравите јадења кои го топлат стомако и благопријатно делува врз цревата. Би требало секојдневно да јадеме супи, но за жал, од немање време најчесто оброците ни се содржат од сува храна.
Честопати прибегнуваме кон побрзата варијанта – готови инстант супи. Но има ли нешто подобро од домашно приготвена супа од природни и здрави, свежи намирници? Пробајте го овој рецепт и пригответе си домашна пилешка супа која ќе ве воодушеви од вкусот.
Потребни состојки: 2 лажици маслиново масло, 6-7 пилешки батаци без коска, 2 лажици несолен путер, 1 главица кромид, 3 чешниња лук, 3 моркови, 2 корења целер, 300 г печурки, 3 лажици брашно, 4 шолји пилешка супа (база), 200 мл павлака за готвење, 2-3 ловорови листови, сол, црн пипер, свеж магдонос
Постапка: Батаците (или карабатаци, по желба) добро измијте ги, избришете ги, па исечете ги на помали парчиња. Кромидот и лукот исечкајте ги ситно.
Морковот и целерот исечете ги на тенки тркалца или коцки.
Печурките исто така, исечкајте ги на тенки листови.
Во тава на тивок оган загрејте маслиново масло, па додадете коцки од пилешко месо и пропжете ги додека да поруменат. Зачинете по вкус. Оставете на страна.
Во одговарачки сад ставете путер на тивко да се растопи, додадете ги сечканиот кромид и лук, морковот, целерот и печурките. Пржете додека зеленчукот да омекне.
Потоа додадете брашно, пржете околу 1 минута додека за зарумени. Со постојано мешање додавајте пилешка супа, прженото месо и ловоров лист.
Нека се готви 5-6 минути со повремено мешање. Потоа додадете павлака за готвење, па гответе уште 2-3 минути. Зачинете со сол и црн пипер, како и суви зачини по вкус.
Ако супата е премногу густа додадете уште павлака за готвење.
На крај додадете свеж сечкан магдонос.