Посветено на мојот сакан брат Дејан, на кого не успеав да му го испечам ова вкусно пиле…. Потребни состојки:, 1 пиле, 1 пиво во стаклено шише. Сол сенф, маслиново масло. Прилог: компири, домат, пиперка, главица кромид
Постапка: Пилето измијте го, па избришете го и добро посолете однадвор и одвнатре. Извадете ја етикетата од пивското шише, добро измијте го и избришете го. Во подлабока тепсија ставете хартија за печење.
Шишето отворете гои ставете го на средина од тепсијата. Пилето ставете го врз шишето и премачкајте го со сенф. Компирот исечете го на покрупни парчиња, зачинете го. Наредете го околу компирот, ама внимавајте да не го загушите, значи не го претрупувајте.
Исечете го останатиот зеленчук и измешајте со компирот. Прелијте со малку маслиново масло. Парче фолија ставете врз пилето (само на врвот) и печете на 220 степени околу 1 час (или подолго во зависност од величината на пилето) или на 180 степени ако имате рерна со топол воздух.
Извор: Coolinarka