Доктор Љубинка Стојковиќ, специјалист по општа медицина и апитерапевт, советува кај проблеми со простата да се користи портокал и поленов прав

ЛЕК ЗА ПРОСТАТА

Проблемите со аденом на простата може да се спречат ако на 100 мл сок од исцеден свеж портокал, без шеќер, се додаде една лажичка поленов прав и се остави да отстои преку ноќ. Наутро се пие одеднаш.

Постапката се повторува секој ден во текот на една седмица. Втората седмица се повторува постапката, но во сокот од портокал се додаваат две лажички поленов прав.

Третата седмица се ставаат по три лажички поленов прав, четвртата седмица се враќате на две лажички, а петтата седмица се приготвува исто како и првата – на 100 мл сок од портокал, се става една лажичка поленов прав – вели д-р Стојковиќ и нагласува дека мажот на тој начин ќе внесе доволна количина тестостерон, односно ќе ја стимулира хипофизата која управува со сите жлезди со внатрешно лачење.

ШТО Е ПРОСТАТА?

Простата имаат само мажите. Тоа е машка полова жлезда со облик и големина на костен. Тешка е околу 20-25 г. Сместена е под мочниот меур. Произведува сем-ена течност која ја чува и транспортира во спер-мата. Таа течност е за заштита на спер-мато-зоидите.

Што е тоа хиперплазија на простата?

Тоа е посебен облик на нејзино зголемување. При раѓање простатата е колку зрно грав, потоа до пубертетот полека расте. Во пубертет и до 20-25. година расте брзо. Потоа стагнира, односно не ја менува големината до 40-тата година од животот.

Зголемена простата најчесто се јавува кај постарите лица. Во текот на животот се менува нивото на машки хормони и доаѓа до зголемен раст на жлездите сместени околу делот на мочниот канал, уретрата, кој минува низ простата па се нарекува и аденом.

Овој природен раст се нарекува бенигна простатична хиперплазија (БПХ) која е најчеста причина за зголемување на простатата. БПХ е бенигна состојба која не води до канцер, но двата проблема може да коегзистираат. Една простата може да е бенигно зголемена, но може истовремено да има и канцер.

Симптоми на зголемена простата

Процесот на зголемување на простатата започнува околу 40-та година, но се манифестира подоцна. Во 6. и 7. деценија кај ¾ мажи почнуваат да се јавуваат тегобите. Иако 50-60% од мажите со БПХ може никогаш да немаат симптоми, кај други тие проблеми се силно изразени.

Исто така, може да се јават симптоми, а лицето да нема тегоби. Многу луѓе умираат со зголемена простата, а да немале некои поголеми тегоби. Други имаат отежнато мокрење и така останува до крајот на животот. Тегобите не се исклучиво врзани за големината на простатата. Има и помали простати кои може да дадат големи тегоби поради стеноза на каналот, уретрата.

Основни симптоми се често и отежнато мокрење. Лицето постепено сѐ потешко мокри, одложен е почетокот на мокрењето, млазот е послаб и испрекинат. Се јавува и ноќно мокрење, никтурија. Може да се јави и воспаление на самата простата и мочните канали.

Заостанува урина во бешиката (ретенција) и болниот има чувство на недоизмокреност. Количината на урина која заостанува може да е и 2 литри. Ако потполно се затне каналот – урината се враќа во бубрезите и ги оштетува. Ако се занемари оваа состојба, се јавува опструктивна нефропатија/компликација која ако трае подолго време води до бубрежна слабост и дијализа.