Пица појадок за 5 минути…Испробајте го овој лесен и едноставен рецепт за вкусно јадење…Прсти да излижеш. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 парче леб
100 г путер
200 г сувомеснато
2 домати
1 рака ситно сечкан магдонос
4 јајца
1 лажичка сол или по вкус
150 г рендан кашкавал / чедар

ПОСТАПКА:

1.Лебот пресечете го надолжно на половина и малку притиснете го со дланките за да се направи вдлабнување, па премачкјате ги одозгора со путер и наредете ги со сечкано сувомеснато.

2.Јајцата изматете со малку сол и помешајте ги со ситно сечкан магдонос. Со оваа мешавина залијте ги рамномерно лебовите.

3.Одзгора наредете тркалца домати и посипете рендан кашкавал. Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.