Брз кремаст колач со одличен вкус, лесно се подготвува, ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:
3 кесички ванилин шеќер
250 мл слатка павлака за шлаг
4 кесички пудинг од ванила
200 г густин
150 г шеќер
1,8 – 2 литри млеко
1 пакување Петит кекси или
лиснато тесто (по желба)
Постапка:
Од 2 литри млеко одземете 400 мл. Остатокот од млекото ставете го на оган, додадете шеќер и ванилин шеќер.
Пудингот и густинот добро измешајте ги со 400 мл млеко, да нема грутчиња. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган, намалете ја температурата на минимум и полека додадете ја смесата од шжпудинг и густин со постојано мешање.
Не смее пребрзо да се долема смесата за да не се направат грутчиња. Вратете на оган и варете уште неколку минути додека убаво да се згусне.
Пробајте дали е доволно слатко, па по желба додадете уште шеќер додека смесата е врела, бидејќи шеќерот веднаш ќе се растопи и впие.
Кремот оставете го да се лади со повремено промешување и покријте го со фолија за да не се создаде коричка.
Слатката павлака изматете ја во шлаг и потоа соединете ја со изладениот крем. Кратко изматете со миксер за да можат убаво да се соединат во пенлив крем.
Кој сака, може да испече лиснато тесто како подлога, па да го филува со кремот. Јас секогаш наместо кора користам бисквити.
За подлога: бисквитите кратко натопувајте ги во млеко и редете ги во плехот или калапот како подлога. Одозгора излејте половина од кремот, па наредете втор слој фил.
На крај завршете со трет слој бисквити и декорирајте со шлаг или наросете шеќер во прав. Може да користите и само два слоја бисквити (горе и долу). За да биде поцврст кремот може во него да додадете и 1 инстант желатин.
Coolinarika.com