Бујад или орлова папрат (Pteridium aquilinum) е вид на повеќегодишна папрат, расте на суви места во шумите и достигнува висина од 50-150 см. Се жнее на есен кога листовите се исушени на стебленцето – се собираат и со нив се полни перницата.
Перницата наполнета со бујад е најздравата која може да ја посакате!
На оваа перница човек вистински добро се одмора а заморот едноставно исчезнува. Сите штетници бегаат од оваа билка. Ги лекува грчевите, болки во нозете, гихр и ревма, ревматска главоболка и ревматска забоболка. Коренот од оваа папрат ги елиминира непријатните болки во листовите на нозете, па затоа потребно е да се направат специјални перничиња исполнети со бујад, кои ќе ги чуваме близу листовите. Бањите приготвени од лист и корен од бујад лекуваат гихт, ревма, па дури и гангрена.
Свежата папрат во перница лекува наглувост настаната од настинки и провев. Секако и главата треба добро да се покрие. Свежите листови приврзани на чело и очи, го бистрат погледот и елиминираат тирење пред очи. Сува билка во чевли отстранува умор и ги грее нозете.
Болки во грбот брзо поминуваат доколку сноп од билката се првиврзе на погоденото место. Може некое време болките да се засилат, но за кратко ќе исчезнат.
Кај болки во грбот се мачка повеќе пати со масло од кантарион, а на тој начин ткивото станува поеластично. Ракија во која киснел корен од бујад е одлично средтсво за масажа при гихт и ревма.
За масирање на болни нозе, како и изгореници од врела пареа одлично помага оцет со бујад: поголем сноп листови и корен од бујад се сечка ситно па се прелева со 4 до 5 литри домашна јаболкова киселина. Се остава три дена, се процедува во стаклени тегли кои добро се затвораат. Бујад е отровна билка, па затоа треба да се консумира многу внимателно.
Оваа папрат ги елиминира глистите: болниот треба на гладно да испие шолјичка чај од оваа билка и во следните два часа ништо да не консумира. Третманот трае 8 дена но сите паразити во организмот се уништуваат.
Орловата папрат делува на матката и затоа бремените жени не смеат да ја консумираат ниту да лежат на неа. Пред консумација на оваа билка добро консултирајте се со вашиот лекар.