Ова е многу вкусно јадење кое може да се јаде така, или како прилог на некое главно јадење. Превкусно е.

Потребни состојки:

1 кг компир

4 јајца

300 мл млеко

2-3 лажици сув зеленчуков зачин (вегета)

½ лажичка лук во прав

Путер/маргарин

Зачини

Постапка:

1 кг компир ги чистиме на тенки кругови. Го посолуваме, забиберуваме и наросуваме со вегета. Посебно матиме 4 јајца со 300 мл млеко, додаваме 2-3 лажици вегета и половина лажичка лук во прав. Тепсијата ја премачкуваме со путер или маргарин, ставете го компирот, прелијте со млеко и расфрлете одозгора уште по некое парче путер.

Се пече на 200 степени додека да порумени.