Идеален оброк кој можете да го искористите за вечера и појадок, закуска, за родендени и други прослави. Вкусно и едноставно.

Потребни состојки: 1 квасец, 500 мл млеко, 6 чаши (од 180 мл) брашно, 2-3 лажички сол и 2-3 лажички шеќер, ½ чаша масло

Постапка: Еден квасец растворете го во половина литар млако млеко, па додадете шеќер и 2-3 лажици брашно. Оставете 10-тина минути за да се активира.

Кога квасецот ќе стаса додадете 6 чаши (јогуртни од 180 мл), половина чаша масло, сол и шеќер. Добро замесете го тестото, па развлечете го во тркалезна кора (може и да го поделите ако ви е големо).

Кората сечете ја на триаголници, филувајте ги по желба со сирење, шунка, кашкавал или нешто друго, па виткајте ги кифличките. Одозгора премачкјате ги со растопен путер и наросете ги со сусам.

Оставете да ги да стасаат во плех обложен со хартија, околу 15-тина минути, а потоа печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути или додека убаво да заруменат.

Бонус рецепт: Совршени пекарски кифли за 15 минути – еднакво меки и следниот ден кога ќе преноќат

Рецептот е оригинален и состојките се прецизни. Може да ги приготвите со млеко, но може да ги направите и во посна варијанта, доколку користите посни намирници. Од замесеното тесто се приготвуваат кифли кои се печат за само 15 минути.

Потребни состојки:

1 кг брашно, 200 г путер (за посни – маргарин), 500 мл масло, 200 мл кисела павлака (за посни – растителна), 500 мл млако млеко (за посни растително млеко или вода), 3 лажици шеќер, 1 лажица сол, 50 г свеж квасец

за премачкување: 1 јајце, ½ лажичка сол, малку растопен путер (или масло), уште малку путер за премачкување на плехот, а ако правите посни кифли премачкјате ги со посен мајонез, маргарин или вода.

Постапка:

Во половина од млекото растопете го квасецот, додадете една лажичка шеќер и една лажичка брашно. Промешајте, покријте и оставете на топло да се активира околу 15-тина минути.

Во просеано брашно додадете млеко со квасец, растопен путер и останатите состојки. Замесете средно меко тесто. Прекријте со кујнска крпа и оставете да стасува 30 минути.

Обликувајте 26 кифли на малку набрашнета работна површина, а потоа една по една развлекувајте ги во елипса, малку развлечете со прстите, па свиткајте во кифла.

Кифлите можете да ги приготвувате и во друг облик ако сакате, тестото е убаво за работа. Редете ги во плех премачкан со путер/маргарин.

Оставете ги да стасуваат 10-15 минути додека да се загрее рерната на 200 степени. Секоја кифла премачкајте ја со изматено јајце на кое сте додаде малку сол, па одозгора наросете сусам.

Печете ги околу 15 минути или додека да заруменат. Штом ќе ги извадите од рерна, секоја кифла премачкјате ја со малку растопен путер…

Colinarika.com/Sasina kujna