Фото и рецепт: Данијела Цосо

 

Потребни состојки:

750 г брашно
10 г шеќер
10 г сол
525 мл млеко
30 г свеж квасец

Постапка:

1.Во подлабок сад ставете го брашното и додадете 10 г шеќер, 10 г сол, па измешајте.

2.Млекото (525 мл) замлачете го, па додадете 30 г свеж квасец и промешајте за да се растопи. Додадете го во брашното и замесете убаво мазно тесто.

3.Тестото покријте го со крпа и оставете го околу 15-тина минути да одмори, па премесете го. Месењето треба да трае околу 5 минути, па вратете го назад во садот и покријте го со крпа. Оставете го половина час за да стаса.

4.Потоа премесете го уште еднаш и поделете го на 12 делови. Секој дел премесете го и обликувајте го во вид на топче. Топчињата покријте ги со кеса и оставете ги 10-15 минути да отстојат.

5.Со оклагија развлечете ги во долгнавеста кора со облик на елипса, па виткајте ги во кифли.

6.Кифлите редете ги во намастен и набрашнет плех. Секоја кифла премачкјате ја со масло. Покријте со кеса и оставете уште половина час додека кифлите да стасаат.

7.Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Печените кифли веднаш премачкајте ги со малку масло и прекријте ги со крпа.

Фото и рецепт: Данијела Цосо