Рецепт: Ивана – АВ
Постои начин како да се ослободиме од кашлицата и без антибиотици.
Сезона е на настинки и грип. Секаде каде и да се свртиме сите кашлаат, воздухот е загаден, преполно е со вируси и бактерии. Сите кашлаат, киваат, им тече носот…
Пред неколку години кога бев во Загреб, една стара докторка педијатар ми откри еден совршен лек за кашлица и зарипнато грло.
Верувале или не, лекот е најобично млечно чоколадо. Како на пример оние со форма на зајче што се продаваат за време на Велигден или некои слични чоколади.
Потребно е да сепостепено да се растопуваат во устата, исто како кога лижеме бонбона. Две-три коцки чоколадо се доволно, па се прави пауза.
Не смее да се пие ниту да се јаде после чоколадото, барем 15-тина минути.
На следниот напад на кашлица, постапката се повторува. Не треба да се претерува со чоколадото. Во текот на 24 часа промените се видливи. Уживајте во највкусниот лек и брзо закрепнување ви посакувам – Ивана.