ПЕЧЕНО ЈАГНЕШКО МЕСО…Толку е меко и нежно што самото паѓа од коската…Тајната е во маринадата и бавното готвење…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
јагнешки бут сосе коска (приближно 3.5-4 кг)
10 чешниња лук или повеќе (исечкани на лентички)
2 главици кромид (исечени на четвртини)
3-4 лажички сол (приближно половина лажичка на секои 400-500 г месо)
мелен црн пипер
2 гранчиња рузмарин
1 чаша вода
1/3 чаша лимонов сок или повеќе
1/4 чаша маслиново масло (3-4 лажици маслиново масло)
2 лажички суво оригано или повеќе
ПОСТАПКА:
1.Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете го месото во соодветен плех и со остар нож избоцкајте го.
2.Добро зачинете го со сол, црн пипер и суво оригано, залијте го со лимонов сок и маслиново масло, а не ја заборавајте ниту долната страна.
3.Во дупчињата напикајте парчиња лукче, а околу месото во плехот можете да ставете колку сакате. Додајте и гранчиња рузмарин (цели) и две главици кромид исечени на четвртини.
4.Сипете една чаша вода во плехот (колку површината да се прекрие и да не е сува).
5.Прекријте најпрво со хартија за печење, а потоа и со алу-фолија и ставете да се пече 3-4 часа или колку што е потребно.
6.Проверете дали е добро испечено: кога ќе го боцнете со виљушката, тоа треба да биде многу меко и да се одвојува од коската.
7.Извадете ја фолијата и оставете го да се допече на горниот грејач за да фати коричка. Внимавајте на месото да не го изгорите при последниот чекор. Постапката погледнете ја ОВДЕ.