Печени пиперки со урда и јајца…Многу лесно и вкусно јадење за цело лето…Еве што ви е потребно за овој вкусен оброк:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 лажици урда
4 јајца
8-10 печени и излупени пиперки
1 лажица путер
сол по вкус
ПОСТАПКА:
1.Измешајте ги урдата и јајцата, па посолете по вкус.
2.Путерот растопете го во широка тава, па наредете ги пиперките, посолете ги и кратко пропржете ги од двете страни.
3.Сипете ја урдата со јајца и продолжете со пржењето уште 5 минути. Нека ви е на здравје.
Многу вкусно летно мезе…полнети ПИПЕРКИ СО СИРЕЊЕ…Премачкани и потпечени…Прсти да излижеш…