Рецепт на Ивана. На многу едноставен начин пригответе голема количина на компир, а за кратко време. Тој ќе биде мек и вкусен, а секој залак се топи во уста. Потребно е многу малку масло, а мајонезот му дава посебен вкус кој откако еднаш ќе го вкусите, постојано ќе го приготвувате на овој начин. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 кг компири, 4 полни лажици мајонез, 3 лажици палента, 1 лажица зачинска црвена пиперка во прав, 1 лажичка сол + да се посоли варениот компир, лук во прав или друг зачин (не е задолжително), 2 лажици масло, сусам по вкус (не е задолжително)




ПОСТАПКА: Измијте го компирот под ладна вода, па излупете го, повторно измијте го и ставете го во вода на оган да се вари. Следете го варењето, компирот не треба целосно да биде сварен, туку колку само малку да се подвари, приближно 10-15 минути од моментот на зовривање.




Сварениот компир процедете го и оставете го да се олади. За тоа време во еден поголем сад измешајте четири полни лажици мајонез, три лажици палента, 1 лажица зачинска црвена пиперка во прав, 1 лажичка сол, а дополнително ќе се посоли компирот (по вкус).




Добро промешајте ја смесата, па на крај додајте две лажици масло, а повеќе не е потребно, бидејќи и мајонезот е масен, па ќе ја даде потребната крцкавост на печениот компир. Промешајте и додајте зачини по ваш вкус. Јас обично додавам сув лук во гранули или едно чешно лук ситно исечкано.




Изледениот компир исечете го на половина или на повеќе парчиња ако е поголем, малку посолете го, па наредете го врз претходно намастен и обложен со хартија за печење плах од рерна (компирот треба да биде во еден слој), па одозгора со кујнска четка премачкјате го со приготвениот прелив од мајонез.




Не мора компирот да се премачкува од долната страна, бидејќи при печењето ќе се впијат сите вкусови. Компирот може да го ставите и во поголем сад, па тука да го додадете преливот и со помош на две лопатки да го промешате. Бидејќи не е преварен, тој нема да се распадне при мешањето.




По желба компирот одозгора можете да го наросите со сусам, бидејќи совршено си одговараат овие два вкуса, па веднаш ставете во претходно загреана рерна на 220 степени да се пече околу 25 минути или додека убаво да зарумени. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.