Целосно нов начин за приготвување на овој зеленчук. Пробајте, ќе бидете восхитени!
Потребни состојки: 1 карфиол (околу 500 г), 250 мл грчки јогурт или кисела павлака, 1 лимон, 1 лажица маслиново масло, 1 лажица алева пиперка во прав, 1 лажичка лук во прав, 1 лажичка кари. Сол, црн пипер
Постапка: Карфиолот измијте го и исчистете го од коренот. Кога купувате карфиол, бирајте свежо набран, бел, цврст, без темни дамки. Одвојте ги листовите а целата главица карфиол ставете ја во намастена тепсија.
Бо еден сад изматете ги заедно маслиновото масло, јогуртот и сокот од лимон. Додадете алева пиперка, лук во прав, кари, сол и црн пипер по желба. Карфиолот прелијте го со смесата од јогурт и печете го загреана рерна на 200 степени, 30 минути.