Паштета од сончоглед и семки од тиква
Пакувани семки од тиква и сончоглед, живи или потпечени може да се набават по маркетите.
Потребни состојки:
3 лажици семки од сончоглед,
3 лажици семки од тиква,
1 лажица сусам,
1 мало лажиче сенф.
Подготовка:
4-5 лажици ситно сецкани печурки (маринирани или свежи), ако се свежи претходно се ставаат во тавче на оган додека да пуштат вода, кога ќе испуштат вода оставете ги на огнот уште 2-3 минути дедека да омекнат.
Сол, црн бибер, вегета по вкус.
Сите семиња се печат во тавче посебно и потоа се соединуваат и се мелат во блендер или мелница за кафе. Доколку ги набавите печени и спакувани овој дел со печењето не важи, само се блендираат.
Во добиената смеса се додава постепено вода за да добиете смеса со густина на паштета.
Потоа се додаваат печурките и останатите состојки. Целата смеса се промешува дедека да се соединат сите состојки.
И паштетата со специфичен вкус е спремна !