Фотографии и рецепт на Аница Обрадовиќ Живковиќ – памук погача: Еве драги мои, една прекрасна, навистина мека како памук погача, според рецептот на нашата драга Ана Јекиќ.
Потребни состојки според оригиналниот рецепт: 300 мл млако млеко, ½ коцка свеж квасец, 1 кафена лажичка шеќер, 2 кафени лажички сол, 150 мл масло, 2 јајца, 750 г брашно.
За премачкување на на двете теста се користи 50 г омекнат маргарин, и уште е потребно едно јајце, сусам, ленено семе. Јас малку го изменив рецептот, а во мојот ми беше потребно 860 г брашно.
Постапка: Половина од брашното ставете во подлабок сад за месење, во средината направете вдлабнување, па тука издробете 30 г квасец, преку квасецот ставете две мали лажички шеќер и 200 мл млако млеко. малку промешајте за да се растопи квасецот со шеќерот.
Садот поклопете го и оставете 10 -тина минути за да запени и да се активира квасецот. Потоа додадете две јајца изматени со виљушка, 200 мл јогурт отстојан на собна температура (никако ладен од фрижидер, за да не се пресече квасецот) и 150 мл масло.
Маслото пред да го додадете во брашното, претходно малку загрејте го колку да се замлачи. Потоа додадете 1,5 кафена лажичка сол. Постепено додадавјте го остатокот од брашното и замесете го тестото. Кога ќе добиете мазно изедначено тесто оставете го покриено да стасува околу еден час.
Работната површина малку намастете ја со масло, истресете го тестото и обликувајте го во ролна. поделете го на половина. Едната половина на тестото поделете ја на 9 еднакви делови, а секој дел формирајте го во топче. Редете ги во калап (со пречник од 28 см) обложен со хартија.
Топчињата малку одвојте ги од ивицата на калапот. Втората половина од тестото поделете ја три еднакви дела. Од секој дел формирајте топка, а потоа со помош на оклагија развечете кора со величина од поголема чинија. Двете кори премачкјате ги со по 25 г омекнат путер (вкупно 50 г).
Третата кора не треба да се премачкува. Ставете ги корите една врз друга, а најгоре ставете ја третата кора. На малку намастена работна површина развлечете една поголема кора со големина од околу 25 см. Исечете ја на 8 триаголници.
Секој триаголник засечете го на средината, свиткајте малку кај засекот (погледни фото) и провлечете го врвот низ засекот. Вака приготвените триаголници редете ги врз топчињата кои претходно ги наредивте во калапот.
Оставете покриено со проѕирна фолија да отстои околу половина час, а за тоа време погачата убаво ќе стаса и ќе се удвои. Потоа премачкјате ја со едно изматено јајце и една лажица млеко и една лажица масло.
Одозгора наросете со сусам, ленено семе или семки по ваш избор. рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени, па штом ќе ја ставите погачата да се пече, температурата намалете ја на 180 степени. Печете ја вкупно 40 минути, а на половина од печењето покријте ја со фолија за да не изгори одозгора.