Сите ги прават – кифлички на потполно поинаков начин, готови за 8 минути, со неодолив вкус и мирис. Од оваа количина излегуваат 20 големи кифли.
Прекрасни кифлички кои се печат само 8 минути! Може да се приготват во солена или слатка варијанта, па во рецептот се дадени двете варијанти како опција.
Интересна подготовка – се замесува тестото, се прават кифличките, стасуваат еден час, а потоа се печат само 8 минути. Печените кифли се премачкуваат со путер и готови се за консумација.
Потребни состојки:750 г брашно, 150 г путер, 3 лажици шеќер во прав, 2 лажици сол, 500 мл млеко, 50 г свеж квасец, 1 јајце и малку сол
Ако правите слатки печива:750 г брашно, 150 г путер, 125 г шеќер во прав, 500 мл млеко, 50 г свеж квасец, 1 јајце и малку шеќер. И уште: 30-40 г растопен путер за премачкување
Постапка:Загрејте го млекото да биде млако (не врело), па растопете во него шеќер во прав и путер. Во смесата издробете свеж квасец, промешајте да се растопи, па додадете сол и брашно.
Брашното додавајте го постепено, на почетокот мешајќи со лажица или жица, а на крај замесете со рака. Формирајте мазно и еластично тесто.
Од тестото формирајте 20 топчиња, а од секое топче развлечете кора и свиткајте кифла. Кората можете да ја засечете од едната страна, на ленти, но не до крај, па ќе добиете “гасеница” кифли.
Вака приготвените кигли редете ги во плех обложен со хартија за печење, па одозгора покријте ги со друго парче хартија или најлон, па оставете ги да стасуваат еден час на собна температура.
Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени и пред печењето секоја кифла премачкајте ја со изматено јајце со сол/шеќер. Кифличките се печат 8 минути на 250 степени.
Magazin.ba