Сите бараме рецепт за најмеките кифлички што постојат.
Потребни состојки: 500 г брашно, ½ кесичка прашок за печиво, 100 мл масло, 250 мл млако млеко, 2 лажички шеќер (околу 10 г), ½ лажичка сол (околу 8 г), 1 јајце, ½ коцка свеж кавсец (20 г) или ½ кесичка сув квасец (околу 4 г) и 1 јајце за премачкување
Постапка: Активирајте го квасецот со малку млако млеко и шеќер. Кога ќе запени квасецот додадете го во брашното во кое претходно сте промешале сол, прашок за печиво, јајце и масло. Замесете го тестото додека да стане мазно, па потоа покријте го со пластична фолија и оставете го 10-тина минути на собна температура.
Премесете го и оставете го да стасува уште 30 минути. Потоа премесете го и развлечете кора. Сечете ја кората на триаголници и виткајте ги кифлите. Оставете ги уште половина час да стасуваат на собна температура.
Потоа премачкајте ги со јајце во кое сте додале лажица млеко или вода по желба. Одозгорете наросете со сусам. Кифличките се печат на 180 степени околу 20 минути, во зависност од рерната. Постапката можете да ја погледнете во видеото: