Една врска не може да опстои доколку не постои доверба помеѓу партнерите. Таа се гради со текот на времето преку постапки и дела. Меѓутоа, иако е потребно долго време за да се изгради цврста доверба, таа може да се изгуби за многу кратко време.




Кога жената еднаш ќе стекне доверба во својот маж, таа повеќе не се грижи за неговите постапки во време кога не се заедно, не му ги чита неговите пораки од телефонот и не го испрашува каде и со кого бил во слободното време.




Таа му верува и не се сомнева во него. Исто така, кога жената му верува на мажот, не го следи по социјлните мрежи за да провери каде коментирал и на чија фотографија ставил срце. Не му досадува со неважни прашања.




Мудрата жена не се оптоварува со ситници, бидејќи доволно е зрела за да биде љубоморна. Она што нејзе и е најважно, е она што го има помеѓу нејзе и мажот во реалноста. Не живее во излузии и не фантазира работи кои не постојат.




Паметната жена секогаш работи на себеси. Знае дека за да има просперитет и напредок во врската и општо во животот, таа мора да работи на себе и тоа никогаш не го заборава. Се грижи за себе и се почитува себеси, за на ист начин да ја почитува и партнерот.




Таа сфаќа дека животот може да продолжи и без маж, но таа одлучила да го дели со оној кој го сака. Жената многу добро знае која е таа и што и важно. Таа никогаш не ги заборава своите цели во животот. Не заборава да биде среќна, зошто само таква партнерот ја сака покрај себе.




Таа го сака својот партнер и не си го троши времето на неважни работи. Не се оптеретува себеси ниту партнерот, со фантазмогории и работи кои можат да ја „загy-шат“ врската.




Таа не ја отфрла својата индивидуалност, бидејќи е жена со интегритет и својот живот не си го yни.штyва поради љубовта. Таа точно ќе знае кога треба да ја напушти врската, но никогаш нема да дозволи таа да биде причината за pаcкин на истата.




Таа не ги крие своите чувства, без разлика дали тие се позитивни или чувства на негодување. Нема да ги сокрива во себеси. Мажот покрај таква жена секогаш знае на што е, а доколку и тој е паметен, многу ќе ја цени и почитува нејзината искреност.




Мудрата жена нема да се срами или нешто да крие со години зошто не можела да собере храброст и да му каже на мажот. Зрелата жена нема да ја крие вистината. Таа не чувствува апсолутно никаква потреба за да бега од нешто. Таа нема да ризикува да ја изгуби довербата помеѓу неа и партнерот.




Мудрата жена ќе си ја признае грешката и нема да крие доколку направила нешто погрешно. Нема да крие и нема да го одбегнува разговорот за тоа. Таа го сака својот маж. Кон една ваква жена мажот самиот „лета“ и не мора да се прашува дали таа го сака или не.

Во таквите одноcи сè е многу лесно, јасно и разбирливо. Зрелата жена во секое време кога тоа ќе и биде потребно, ќе побара помош од својот партнер. Таа нема да крие дека и е потребна помош. Ќе го замоли мажот да и помогне и да го реши проблемот.