Палачинките со мак покрај тоа што се вкусни, исто така, изгледаат многу интересно и необично. Овие принцезички се омилениот гостин на секоја трпеза. За да ги приготвите не ви се потребни некои скапи продукти, а оние основните сигурно веќе ги имате в кујна.




Овој рецепт е малку поинаков од оној класичниот на кој сме навикнати, бидејќи во тестото се додава семе од афион-мак кое им дава необичен и посебен вкус и изглед. Изгледаат многу интересно и декоративно, а може да ги филувате со различни филови во зависност од вашата желба, исто како и класичните. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (верзија 1): 300 г брашно, 200 мл млеко (1 чаша), 2 јајца, 200 мл газирана вода, 1 лажица шеќер, 1 прстофат сол, 3 супени лажици мак, масло за печење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (верзија 2): 2 јајца, 1 лажичка шеќер, 200 г брашно, 100 г мелено семе од афион/мак, 200 мл млеко, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/2 кесичка прашок за печиво, 1 прстофат сол, 2-3 лажици масло, газирана вода по потреба

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (верзија 3): 50 г мелено семе од афион/мак, 100 г брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, 150 мл млеко, 100 мл слатка павлака, 1 кесичка ванилин шеќер, 50 г кафеав шеќер или по желба, малку рендана кора од портокал, 1 јајце




ПОСТАПКА: Во подлабок сад најпрво пенасто изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Матете додека шеќерот да се растопи, а потоа наизманично додавајте ги млекото и половина од брашното. Додека ги додавате состојките не прекинувајте со матењето.




Потоа, на истиот начин, со наизменично додавање ставете го и остатокот од брашното, остатокот од млекото и газираната вода, еден прстофат сол и продолжете да матите додека да добиете мазна, изедначена смеса без грутчиња.




Најпосле додајте го семето од афион/мак и продолжете со матење додека да се изедначи. Во нелеплива тава за печење палачинки ставете неколку капки масло и со кујнска четка премачкјате ја целата површина.




Ставете на оган да се загрее, па со помош на црпалка излејте малку смеса и распоредете ја во тенок слој со подигање на тавата под разни агли. печете неколку минути, а кога од рабовите ќе започне да се одлепува, со помош на лопатка превртете ја.




Печете ја неколку минути и од другата страна (малку пократко отколку првата страна). Печените палачинки редете ги една врз друга (на тој начин уште повеќе омекнуваат). Водете сметка да бидат што потенки. Постапката повторувајте ја додека да се потроши материјалот. Можете да ги филувате со што сакате, а вкусни се и така да се јадат.