Фото и рецепт: Анета Стојческа Каранфиловска

Потребни состојки:

15-20 палачинки или повеќе по потреба, приготвени од брашно, вода и 1 лажичка сол

За прелив:

1 главица лук, може и повеќе

250 мл врела вода

150-200 мл масло

Сол по вкус

Постапка:

Се печат палачинките вообичаено во тавче за палачинки или питуличарка.

Лукот се чисти па се толчи со сол и се меша прво со масло, па се потура со врела вода.

Секоја палачинка се потопува или се напрскува со преливот од лук.

Палачинките се редат една врз друга, се сечат на тријаголници и се прелеваат со остатокот од течноста која останала и се ставаат во рерна да се потпечат околу 30 минути или колку да заруменат.

Помеѓу палачинките можете да ги наросувате и со мелени ореви.

Фото и рецепт: Анета Стојческа Каранфиловска

За “потенок” прелив од лук:

500 мл вода

3 лажици масло

1/2 лажичка сол

5-6 чешниња сол.

Се толчат чешнињата со сол, се додава масло, па кога ќе добиете изедначена смеса, се попарува со врела вода и се меша да се изедначи.