Сите печива и теста кои содржат барем малку пченкарно брашно имаат побогат вкус, поубави се и помирисни. Па, исто така и кога станува збор за палачинките. Можете да ги приготвувате само со пченкарно брашно или да го мешате со бело, пченично. Рецептите од дадените предлози се многу едноставни. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл): 1 чаша пченкарно брашно, 1 чаша бело меко пченично брашно, 0.5 супена лажица прашок за печиво, 0.5 супена лажица сол и 1 прстофат шеќер, 0.5 чаша јогурт или кефир, 1.5 чаша млеко, 2 големи јајца, 3 супени лажици масло

рецепт 1




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 1 мала лажичка сол или по вкус, 500 мл вода, 500 мл млеко, 550 г пченкарно брашно, 50 мл масло, за фил малку рендан кашкавал или ситно сирење/урда, малку путер за премачкување

рецепт 3

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 1 прстофат куркума во прав, 1/2 мала лажичка сол, 200 г пченкарно брашно, 300 мл млеко, 3 супени лажици растопен путер/маргарин




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во поголем сад помешајте ги сите суви состојки, додајте ги останатите и со кујнска жица-маталка или со миксер изматете додека да добиете потполно мазна смеса без грутчиња. Загрејте тава намастена со малку масло и печете ги од двете страни по неколку минути додека малку да заруменат. Ринглата треба да загреана на умерена температура (од вкупно 6, на 4). Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: изматете ги јајцата во подлабок сад со една мала лажичка сол, па додајте вода и млеко. Соединете и започнете постепено да го додавате пченкарното брашно. Мешајте постојано со кујнска жица-маталка додека го додавате брашното малку по малку. На крај, кога ќе добиете изедначена мазна и хомогена смеса, додајте го маслото.




Промешајте уште малку за да се инкорпорира, па оставете ја смесата да одмори 10-тина минути за да набубри брашното. Ако се згусне многу, разредете го со малку вода. загрејте нелеплива тава премачкана со малку путер. Палачинките од пенкарно брашно се печат на умерена температура, нешто пониска од онаа на која се печат обичните палачинки од бело брашно.




Печете ги вообичаено од двете страни по неколку минути додека да заруменат и редете ги една врз друга. Во обложена тепсија со сличен дијаметар како палачинките наредете ги една врз друга, а помеѓу секоја ставајте по малку рендан кашкавал или ситно сирење/урда.




Последната палачинка премачкјате ја со путер. вака наредените палачинки ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете ги 10 минути или додека да се растопи кашкавалот. После тоа сечете триаголници и послужете ги топли или ладни. Следи постапката за третиот рецепт:




ПОСТАПКА: изматете ги јајцата, додајте прстофат кари или куркума за да се добие поинтензивна жолта боја, како и малку сол. Овие палачинки иако се малку солени, сепак совршено се вкусни и ако се филуваат со нутела. Сепак, количината на сол зависи од тоа дали ќе ги правите слатки или солени.




Јас ги филував со крем сирење, кечап, кашкавал, пршута и шунка, па во тестото ставив половина лажичка сол. Откако добро ќе ги изматите јајцата, започнете постепено да го додавате пченкарното брашно, наизменично со млекото и растопениот маргарин.




Од изедначената смеса без грутчиња пржете ги палачинките во претходно загреана нелкеплива тава, на ниско умерена температура за да не загорат пребрзо и да не се ронат, бидејќи се направени од пченкарно брашно.