Home Десерти Овој зимски колач стана хит: Овошен крем и снег од белки, совршен...

Овој зимски колач стана хит: Овошен крем и снег од белки, совршен вкус

🥧 НАЈПРИВЛЕЧНАТА ЗИМСКА ПИТА СО МАНДАРИНИ И СНЕГ ОД БЕЛКИ

Кремаста внатре, крцкава одозгора – десерт што сите го бараат

Оваа зимска пита со цитрусна крема и воздушести бисквитни кори е вистински пример за домашен, елегантен десерт кој изгледа како од слаткарница, а се подготвува со достапни состојки.

Комбинацијата од нежно тесто, ароматичен крем од мандарина (или портокал) и лесен снег од белки ја прави идеална за семејни собири, празнични трпези или како впечатливо слатко за гости.

Дополнително, ваквите рецепти се сè почести избор кај читателите што бараат домашни колачи со природни состојки, без сложени техники, но со врвен резултат, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

📝 Потребни состојки

За тестото:
• 3 жолчки (средна големина)
• прстофат сол
• 100 г шеќер
• 8 г ванилин шеќер
• 100 г путер, растопен
• 110 г цврст јогурт (кисела павлака – најблиска замена)
• 8 г прашок за печиво
• 360 г брашно

👉 Калап: 24 см, обложен со хартија за печење и лесно премачкан со путер

За кремот од мандарина 🍊:
• 500 мл сок од мандарина или портокал
• 4 лажици густин (или брашно)
• 40 г шеќер (по вкус, може и помалку)
• НМД

За снегот од белки:
• 3 белки
• прстофат сол
• 8 г ванилин шеќер
• 60 г шеќер

👩‍🍳 Постапка

Во длабок сад изматете ги жолчките, солта, шеќерот и ванилиниот шеќер со жица додека смесата да стане светла и мазна. Додајте го растопениот путер и кратко промешајте. Потоа додајте го цврстиот јогурт и соединете.

Додајте го прашокот за печиво и постепено додајте го брашното. Замесете меко, компактно тесто. Поделете го тестото на два еднакви дела.

Првиот дел со раце распоредете го во калапот, покривајќи го дното и лесно подигнувајќи го тестото по ѕидовите. Оставете настрана.

Во тенџере сипете го сокот од мандарина, додајте шеќер по вкус и густин. Изматете со жица додека да нема грутчиња.

Варете на умерена температура со постојано мешање, додека кремот да згусне. Веднаш сипете го врз тестото и рамномерно распоредете.

Вториот дел од тестото развлечете го во тенка кора меѓу врз хартија за печење и внимателно префрлете го врз кремот.

Со прстите спојте ги рабовите од долната и горната кора за да се затвори филот. Со виљушка или чепкалка избоцкајте го горното тесто.

Печете во загреана рерна на 180 °C, 40–45 минути, додека тестото да добие убава златна боја.

Во меѓувреме, изматете ги белките со прстофат сол и ванилин шеќер, постепено додавајќи го шеќерот, додека да добиете цврст и сјаен снег.

Извадете ја печената пита, лесно премачкајте ги ѕидовите на калапот со малку путер, распоредете го снегот од белки одозгора во брановидна форма и вратете во рерна уште неколку минути, само додека белките нежно да заруменат.

Оставете целосно да се олади, па внимателно отстранете го обрачот. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: