Home Рецепти Овој топол напиток се пие во сите месеци кои во својот назив...

Овој топол напиток се пие во сите месеци кои во својот назив ја содржат буквата „p“

„варено вино“ - Рецепт и фотографии на Драгана Ѓорѓевиќ

Рецепт и фотографии на Драгана Ѓорѓевиќ. „Варено вино традиционално се пие и се приготвува зимно време, а особено за празнициците, па така, претставува симбол на божиќните и новогодишните панаѓури“, вели Драгана.




„Многумина тврдат дека освен што го загрева телото, го подига и pacположението. Велат дека исто така, вареното вино е лековито и делува антивиpусно, поради сите моќни зачини кои се додаваат во овој топол напиток.

„варено вино“ – Рецепт и фотографии на Драгана Ѓорѓевиќ




Постои и верување дека paкијата се грее, а виното се ваpи и се носат долги гаќи во сите месеци во текот на годината кои во својот назив ја содржат буквата „р“. Тоа би било од септември до април.

„варено вино“ – Рецепт и фотографии на Драгана Ѓорѓевиќ




Јас искрено верувам дека е така и многу често и греам ракија и варам вино“, објасни Драгана Ѓоѓевиќ и објасни кои состојки се потребни и како се подготвува овој вкусен и лековит напиток кој го користеле нашите претци уште многу одамна.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл црно вино, 250 мл вода, 3 лажици шеќер, ванила (мешунка, екстракт или ванилин шеќер), цимет (стапче или во прав), анис (ѕвездичка), каранфилче (1-2), лимон исечкан на коцки, портокал исечкан на коцки, ловоров лист, малку црн пипер




ПОСТАПКА: Сите претходно наведени зачини се додаваат по вкус, па така од некој може да ставете повеќе или помалку, а некој ако не ви се допаѓа не ставајте го воопшто. Ова се приближни количини, од сè по едно, а вие можете да си го направите и по свој вкус.




Исто така, наместо црно, може да сварите и бело вино, кое исто така е многу вкусно и лековито. Па, да започнеме: во едно тенџере ставете ги водата и шеќерот на оган, да зоврие и да се вари неколку минути колку да згусне.

„варено вино“ – Рецепт и фотографии на Драгана Ѓорѓевиќ




Потоа додајте ги зачините по вкус и оставете неколку минути за да се ослободат аромите. Кога смесата е сварена, додајте го виното и почекајте да зоврие еден „клуч“. Виното е готово, па сервирајте го во чаши со капаци за да се задржат мирисите.




Потоа може да додадете и мед. Многу е убава комбинацијата и кога ќе додадете малку рум или бренди. Сè е по желба и по вкус. Најважно е доброто друштво и позитивните мисли, а виното ќе придонесе за остатокот од расположението. На здравје! Рецепт и фотографии на Драгана Ѓорѓевиќ.




„варено вино“ – Рецепт и фотографии на Драгана Ѓорѓевиќ