Ако сте пушач, тогаш овој рецепт е токму за вас, иако можат да го консумираат и непушачите. Всушност, ова е еден многу стар рецепт кој го знаеле и нашите баби, па секогаш го приготвувале во време на вируси и настинки.
Се приготвува многу едноставно, а состојките ги има речиси во секоја кујна. Со овој сируп се исфрла секретот и катранот.
Добро е да се приготви и во текот на зимата и пролетта кога имате вирусна инфекција со кашлица и затнат нос.
Потребни состојки:
500 г кромид
500 г кафеав шеќер
1,5 литар вода
2 лимони – сок
7 супени лажици мед
Постапка:
Шеќерот ставете го на умерен оган за да се стопи и карамелизира. Мешајте повремено и внимавајте да не ви загори.
Кога ќе добиете светол карамел, додадете го излупениот и ситно исечкан кромид, па мешајте со дрвена лажица за да ги испушти соковите.
После една минута, внимателно додадете вода, промешајте и оставете да врие на умерен оган додека да испари една третина од течноста.
Процедете низ газа, па додадете го сокот од двата лимони, па додадете и мед. Убаво промешајте за да се изедначи, а медот да се растопи.
Складирајте во стаклено шише и чувајте во фрижидер.
За чистење на белите дробови се пие по 1 супена лажица пред јадење на празен стомак. Се пие додека да се потроши целиот сируп. Следната доза може да се приготви за околу 3 месеци. Бидете здрави!