Оревите се јатки што често ги среќаваме во нашиот регион. Овие јаткасти плодови обезбедуваат макронутриенти, како витамини, минерали, па и растителни влакна.
Оревите се богат извор на антиоксиданси
Докажано е дека оревите имаат највисоко антиоксидативно дејство помеѓу сите јаткасти плодови. Ваквата активност, генерално се должи на витаминот Е, мелатонинот и растителните компоненти наречени полифеноли. Полифенолите се наоѓаат во кожичката со која е прекриен јаткастиот плод.
Богат растителен извор на омега – 3 – масни киселини
Оревите имаат значително поголемо количество на омега – 3 – масни киселини од сите други јатки. Околу 10 г на 100 г ореви. Омега -3 – масните киселини се есенцијални масни киселини, а преку оревите може да се обезбеди дневната потреба од нив.
Оревите може да ги намалат воспалителните процеси и да помогнат во одржување на корисната цревна микрофлора
Воспалителните процеси во организмот може да бидат резултат на оксидативниот стрес. Тие се коренот на повеќе заболувања, вклучувајќи ги тука: срцевите и кардиоваскуларните заболувања, дијабетес тип 2, Алцхајмер и рак.
Полифенолните соединенија кои се содржат во оревите можат да помогнат во борбата со оксидативниот стрес и воспаленијата, особено елагитанините.
Омега – 3 – масните киселини, магнезиумот и амино киселините како аргинин, кои се дел од составот на оревите, помагаат исто така во превенција и намалување на инфламаторните процеси.
Оревите помагаат во намалување на некои типови на рак
Уролитините имаат форма налик на хормони, па можат да блокираат некои хормонски рецептори во организмот. Ова може да помогне за намалување на ризикот од канцери кои имаат поврзаност со хормоните, особено ракот на дој-ка и простата.
Оревите можат да помогнат во справувањето со дијабетес тип 2 и да го намалат ризикот за добивање на ова заболување
Студиите укажуваат дека оревите можат да придонесат за намалување на ризикот од тип 2 дијабетес, поради нивното својство да одржуваат долговремена ситост, а со тоа помагаат и во контролирањето на тежината. Зголемената телесна тежина, го зголемува ризикот од високо ниво на глукоза во кр-вта и хроничен дијабет.
Овозможуваат здраво стареење
Иако оревите имаат висока калориска вредност, тие се богат извор на есенцијални соединенија како што се: витамините, минералите, растителните влакна, омега – 3 – масните киселини и други растителни компоненти кои стануваат сè понеопходни како што старееме.
Оревите помагаат во одржувањето на доброто репродуктивно здравје кај мажите
Јадењето на ореви може да помогне во подобрување на здравјето на мажите и нивната плодност.
Оревите помагаат во контролирање на мастите во кр-вта
Покаченото ниво на триглицеридите и ЛДЛ или „лошиот“ холестерол, се поврзуваат со зголемениот ризик од срцеви заболувања. Редовното консумирање на ореви се покажало како успешно во намалувањето на нивото на холестерол. На овој начин, оревите можат да бидат од помош и за намалување на кр-вниот притисок.
Добри се за здравјето на мозокот и неговото функционирање
Обликот на оревите кој потсетува на човечкиот мозок, можеби и не е случаен. Преку своето антивоспалително дејство, оревите можат да ги намалат оксидативните оштетувања на мозокот, со што може да го намалат ризикот од некои заболувања.
Во комбинација со мед оревот е исклучително добар за штитната жлезда, а на организмот му ги обезбедува сите неопходни витамини, минерали, белковини, масти, јаглениходрати.
Ефикасен е и кај исцрпеност и слабокрвност. Се приготвува на следниот начин: 500 г ливадски мед се меша со 500 г мелени ореви и еден лимон. Вака приготвен се консумира три до четири часа по една лажичка, до опоравување.
Оревот е благородно дрво чиј плод долго време се користел за чистење на телото и многу други физички заболувања. Оревот може да порасне до 40 метри во висина, а дрвото може да биде широко до еден метар. Плодот е голем, но месестата плодна обвивка не е за јадење.
Содржи танин и кинон, кои се природни хемикалии кои ги у биваат паразитите. Тинктурата на црн орев содржи јод и минерали и витамин Ц. Тинктурата од орев помага при следниве состојби: внатрешни паразити, габични инфекции, ра-ни и херпес, акни, егзема, хемороиди, астма, дијареа, настинки и болести на респираторниот систем.
Тинктурата од орев е позната по чистење на кр-вта од токсини и често се користи во случаи на превенција од тумор.
Рецепт за домашна тинктура од црн орев
Тинктурата се користи во многу мали количини, така што не ви требаат многу состојки.
Потребни состојки: 10 млади црни ореви, половина литар 50% ал-кохол, 1 лимон.
Подготовка: Измијте ги оревите и ставете ги во тегла. Осигурете се дека оревите не се премногу зрели или премногу млади. Големината треба да биде речиси иста како и за зрелите ореви. Прелијте ги оревите со алкохол и затворете ја теглата термички. По 48 часа, додајте парчиња лимон.
Тинктурата се користи во капки во период од 6 дена. Со цел правилно да ја користите тинктурата, без да претерувате, користете ја вака:
I Ден – капка тинктура во половина чаша млака вода. II Ден – две капки. III Ден – три капки. IV Ден – четири капки. V Ден – пет капки тинктура. VI Ден – две лажички тинктура на чаша вода.
Откако ќе ги ставите капките во тинктурата во вода, не пијте го веднаш напитокот, туку почекајте 10 – 15 минути. Терапијата треба да трае 2 недели, после шестиот ден користете по 1 лажичка од тинктурата. После терапијата направете пауза од 2 недели.
Забелешка: Луѓето кои имаат проблеми со бубрезите или црниот дроб треба да се консултираат со лекарот пред употреба. Овој лек не се препорачува за бремени жени и доилки. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска