Овој рецепт на баба ми ги изненади сите, зимница од зелено грозје, лесно, евтино и вкусно, го правам секоја година. Одличен вкус што можете да го чувате за зима, а има рок до 1 година без да се расипе.




Ретко е да се најде нешто поразлично за јадење, а оваа зимница ја нарекувам „вкусот од детството.“ Баба ми редовно подготвуваше голема количина на зелено грозје кое и останало од лозјето. Може да се додава во оброци, а бидејќи има киселкаст вкус, течноста е слична како онаа од киселите краставички.




Течноста може да се користи како маринада, а грозјето додека го јадете е крцкаво. Одлично се комбинира со доматно пире или ориз. Лесен и исклучително вкусен рецепт за зелено грозје што можете да го јадете веднаш по 1 недела отстојување. Зимницата се подготвува за неколку минути, а има рок на траење до 1 година.




Потребни состојки: 1 килограм зелено грозје (сè уште незрело грозје со мали плодови), 2 главици лук (18 чешниња), 1 лажица крупна сол (18 грама) на тегла од 1 литар или половина лажица крупна сол (9 грама) на тегла од 600 мл, 1 лажица шеќер (5 грама) на тегла од 1 литар.




Или половина лажичка шеќер (2 грама) на тегла од 600 мл, 1 чајна чаша јаболков оцет (140 грама за тегла од 1 литар) или половина чаша јаболков оцет (70 мл за тегла од 600 мл, 3 парчиња лимон исечкан на кругови, зовриена топла вода.




Постапка: Рецептот се подготвува исклучително лесно, слично како и при подготовката на другите зимници. Важно е да користите свое домашно грозје, органско или купено од познат производител.




Исто така, треба да внимавате грозјето да не биде презреано, туку плодот да биде мал, детално погледнете во сликите подолу. Важно е добро да го измиете грозјето, а може и да отстои во сода бикарбона најмалку 1 час пред да започнете со подготовката.




Чешнињата лук одвојте ги едно од друго и ставете ги во подлабок сад во кој е потребно да додадете вода. Оставете да отстои 1 час, а ова е уште еден трик од баба ми за лесно вадење на лушпите од лукот.




За тоа време добро стерилизирајте ги теглите и користете соодветен и неоште тен капак за нив. Најдобро е да користите тегли од 1 литар или 600 мл. По отстојувањето на лукот, поделете ги чешнињата на половина, а потоа додајте 4 парчиња во секоја тегла.




Потоа се додава грозјето кое може да го додавате со или без гранчиња, а може и да ги вадите плодовите едно по едно за да зафаќаат помалце место. Притиснете колку што е можно повеќе, но внимавајте да не пукне грозјето.




Јас малите гранчиња ги оставав во теглата додека големите ги сечев и го додавав само грозјето. Одозгора во секоја тегла ставете уште 4 парчиња лук, исто како на дното. Потоа во секоја тегла додајте 1 лажичка крупна сол на 1 литар тегла или половина лажичка крупна сол на 600 мл тегла.

Потоа додајте го шеќерот, па јаболковиот оцет во истиот сооднос како солта. На крајот во секоја тегла се става по 1 парче лимон, исечкан на круг, а потоа се прелива со зовриена вода, нешто помалку до врвот, оставајќи 1 – 2 прсти простор во теглата.

Теглите добро затворете ги, и бидете претпазливи да не се изгорите бидејќи ќе бидат врели од зовриената вода. Добро протресете ги и превртете ги со капакот надолу. Чувајте ги подалеку од сончева светлина, на ладно место, околу 1 седмица. По изминатиот период, ќе забележите дека конзистентноста е малку поинаква, а и бојата на грозјето е побледа, накај жолтеникава.

ЗАБЕЛЕШКА: Теглите можете да ги чувате на ладно место, без директна сончева светлина, до 1 година. Теглите мора да бидат чисти и да имаат нови капаци. Бидете сигурни добро да ги затворате капаците на теглите.

Откако ќе ја отворите теглата, задолжително чувајте ја во фрижидер. Теглите треба добро да бидат измиени и стерилизирани. Својата крцкава конзистенција се одржува до 1 година, а рецептот детално погледнете го во видеото ОВДЕ.

Вака изгледа по 1 седмица отстојување