Овој рецепт го добив од кумата и оттогаш многу често го приготвувам, бидејќи е едноставен, феноменален брз колач со вишни без печење.
Потребни состојки:
2 тегли/конзерви компот од вишни
18 лажици шеќер
18 лажици пченичен гриз
2 пудинг од ванила
250 г путер/ванила
1 литар млеко
500 мл слатка павлака
Постапка:
Исцедете ги вишните и сочувајте го сокот. Во сокот од компотот додадете ако е потребно вода, така да добиете севкупно еден литар.
Ставете на оган, па кога ќе зоврие додадете ги вишните. Малку по малку додавајте гриз (или претходно на страна измешајте го со малку од сокот, да нема грутчиња), па варете со постојано мешање додека да згусне. Вака добиениот крем од гриз и вишни веднаш излејте го во калап навлажнет со вода.
Врз овој крем може веднаш да се излее пудингот од ванила кој откако ќе се свари и излади, се меша со пенасто изматен путер.
Пудингот се приготвува според упатството на кесичката и мора да почекате да излади целосно пред да го соедните со путерот.
Одозгора декорирајте со шлаг добиен од изматена слатка павлака. Уживајте во прекрасниот освежителен вкус. Пред да го сечете колачот добро изладете го во фрижидер.