Старееме ние, старее и телото и сите негови делови. За жал, тоа е неизбежен, природен процес, кој не можеме да го запреме, но можеме последиците да ги ублажиме и квалитетот на живот да го подобриме.
Коските и зглобовите се првите делови од телото кои почнуваат да алармираат и да укажуваат не само на биолошкиот часовник, туку и можеби на неправилниот начин на живот.
Една од причините за страдање на коските, зглобовите, пред се колената, може да биде дебелината, потоа, недоволниот внес на некои минерали и витамини, како калциум, магнезиум, но голема улога има и генетската предиспозиција.
Колената се еден од најважните делови на телото. Тие се одговорни за голем број движења и поддршка за повеќе од 80% од тежината на телото.
Во продолжение, ќе ви претставиме еден природен рецепт кој е мошне популарен секаде во светот, бидејќи на многумина им помогнал и се однесува на колената, но и на останатите зглобови од човековото тело.
Со овој лек, кој делува како природен аналгетик, исто така ќе ја подобрите флексибилноста и еластичноста на зглобовите и колената, овозможувајќи ви да се движите слободно.
Еве кои состојки ви се потребни и како да го подготвите.
Потребни состојки:
2 лажици желатин
3 лажици суво грозје
4 лажици сусам
8 лажици ленено семе
40 г непечени семки од тиква
200 г органски мед
Подготовка:
Додадете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека да добиете хомогена смеса.
Земајте една лажица, 3 пати на ден, пред оброците, на тој начин што мешавината од семиња ќе ја измешате во млака вода или јогурт.
За неколку седмици ќе ги почувствувате резултатите. Коските и зглобовите ќе ви бидат посилни од било кога, но и ќе се зајакне вашиот имунитет а метаболизмот ќе се нормализира.
Меѓу другото, лененото семе е полно со омега масни киселини, кои се одлични за срцето и крвните садови, семките од тиква за простатата кај мажите…