Тироидната жлезда е мала но многу важна жлезда со форма на пеперутка, а сместена во основата на вратот. Таа излачува хормон познат под името тироксин, кој има многубројни функции, но најважна му е интензивирањето на метаболитичките процеси во клетките.
Бидејќи самата жлезда се состои од структури исполнети со течност (која се создава во внатрешноста на тироидната жлезда), може да дојде до појава на јазли (чворови или нодули). По својата структура околу 95% од тироидните јазли се бенигни, а само 5% се малигни.
Бенигните јазли најчесто не прават проблеми, но мора редовно да бидат следени со лекарски прегледи, со цел да се дијагностицира и лекува болеста во нејзината најрана фаза.
Најчести типови на бенигни јазли се: колоидни јазли, фоликуларни јазли, автономни јазли и тироидни цисти (јазли кои содржат течност или к рв). Не е позната вистинската причина за настанување на тироидни јазли.
СИМПТОМИ: Повеќето јазли на тироидната жлезда не предизвикуваат знаци и симптоми. Сепак, доколку се случи да пораснат повеќе од вообичаено, тие можат да се откријат со палпација при лекарски преглед или визуелно да се забележат како оток на вратот. Ретко се случува да предизвикаат проблеми со притисок врз душникот или хранопроводникот.
ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ЈАЗЛИ НА ТИРОИДЕА – Извадок од книгата „Даровите на големата мајка ПРИРОДА“ од билкарот Мартин Најдовски. Според билкарот, третманот се состои од три фази, односно три лекови.
Првиот лек се приготвува од чувар куќа и мед, а се користи по една лажичка од лекот наутро, половина час пред појадок. Вториот лек се приготвува од тегавец и мед, а се зема по една лажичка половина час пред ручек, а навечер се пие чај приготвен од мешавина од билки.
МЕШАВИНА ОД ЧУВАР КУЌА И МЕД. Се прави смеса од 100 мл сок од чувар куќа (блендиран свеж лист, па процеден низ газа) и 100 г мед. Се меша, а смесата се складира во стаклена тегла и се чува во фрижидер.
МЕШАВИНА ОД ТЕГАВЕЦ И МЕД. Се прави смеса од 100 мл сок од свеж тегавец (блендиран лист, па процеден низ газа) и 100 г мед. Смесата се чува во стаклена тегла, во фрижидер.
МЕШАВИНА ОД БИЛКИ ЗА ЧАЈ. Се мешаат еднакви делови од следните билки: петровец лист, жалфија и црн слез (на пример, се мешаат по 50 г од сите билки). Од мешавината се зема една супена лажица, се попарува со 250 мл зовриена вода. Поклопено оставете да отстои 20 минути, па процедете.
УПОТРЕБА: Наутро земете 1 кафено лажиче од смесата од чувар куќа и мед, 30 минути пред појадок. На ручек земете 1 кафено лажиче од смесата со тегавец и мед, 30 минути пред ручек. Навечер се пие приготвениот чај, половина час пред вечера. Терапијата трае додека да исчезне проблемот.