Артеросклерозата е болест која се јавува кога артериите ќе се обложат со масни наслаги и со тоа се затнуваат. Ова затнување го спречува движењето на крвта, прави застој и го зголемува притисокот. Сето ова доведува до срцев удар, крварење во мозокот, а може да биде и со фатален исход.

Затоа, мора сериозно да се внимава на исхраната, да се намали внесот на мастаи, шеќер и сол. Сепак, постои еден природен лек кој може да ги прочисти артериите.

Потребни состојки:

1 литар вода
1 шолја за кафе суво грозје
2 лажици рендан ѓумбир
2 лажици мед
4 кесички зелен чај

Постапка:

Ставете ја водата да зоврие, потоа додадете една чаша ладна вода “за да се пресече” и додадете го зелениот чај. Оставете да отстои не подолго од 5 минути, извадете ги, па ставете ги ѓумбирот, сувото грозје и медот. Потоа покријте и оставете да отстои.

Оваа количина треба да се ипие во текот на денот, пред оброците. Ќе забележите брзо подобрување. Секако, потребно е да се намали внесот на сол и масти. Сувото грозје исто така, е добро за жолчното кесе и за срцето.