Малините им се неопходни на младите, старите и рековалесцентите, бидејќи помагаат во создавање и peгенерација на клетките и ткивото. Поттикнуваат создавање и излачување на жолчен сок, па поради тоа им се препорачуваат на лица кои б оледуваат од болести на црниот дроб и жолчни канали. Истовремено помагаат да се регенерираат црнодробните клетки, со што придонесуваат за зголемување на функцијата на овој op-ган.
Малините го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди, ја разредуваат кр-вта и со тоа се намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести како што се артериосклероза, ангина пекторис, тромбоза, инфаркт и мозочен у дар. Во диетиката кај овие болести малините се од исклучителна важност.
Следниот рецепт за домашен ликер од малини изобилува со витамини и има прекрасен вкус. Постојано го пијам преку зима бидејќи ја засладува празничната трпеза, а покрај тоа помага и при прочистување на кр-вта кај жени, против цревни воспаленија и други болести.
Потребни состојки: 1 литар ракија, 500 г шеќер, 500 г малини. Постапка: Во ракијата ставете ги шеќерот и малините. Складирајте во тегли, добро затворете ги и оставете ги да отстојат 40 дена на сонце.
Секој ден малку протресувајте ги теглите за да се промеша содржината. По 40 дена процедете низ газа и складирајте во стаклено шише. Чувајте на ладно и темно место и по изминатото време конcyмирајте по 1 мала чашка од ликерот.
А може да си го направите и следниов ликер од дренки за кој ќе ви требаат следниве состојки: 1 кг зрели дренки, 1 кг шеќер, 2 литри вода, 1 литар ракија.
Постапка: Во два литри вода ставете шеќер и мешајте додека целосно да се растопи. Потоа додадете ги дренките (неколку плодови одвојте на страна) и сето заедно ставете на оган да се свари.
Гответе на тивко додека плодовите да омекнат, па тргнете на страна и оставете да излади. Процедете ја смесата и во течноста додајте 1 литар ракија. Добиениот ликер складирајте го во стаклени шишиња и во нив ставете по неколку дренки кои претходно ги одвоивте.
ВИШНОВКА – Најубавиот ликер од вишни според рецептот на баба ми. За сите вас кои го сакате овој супер ликер, еве рецепт… Има два рецепти: со 3 кг и со 0,5 кг, а вие одберете си по вкус и по количина кој најмногу ви одговара.
Потребни состојки: 3 кг вишни, 2 кг шеќер, 1 литар добра ракија (лозова).
Постапка: Вишните добро измијте ги и исцедете ги. Во тегли од 5 литри редете ги вишните, шеќерот и залијте ги со ракија. Целата оваа количина ја собира во две вакви тегли. Оставете на сонце 40 дена, со секојдневно мешање за да се растопи шеќерот.
После 40 дена процедете (и не мора) и складирајте во стаклени шишиња. Не сум мерела точно, но излегува околу 3-4 литри.
За следниот рецепт ќе ви бидат потребни овие состојки: 500 г вишни, 500 г шеќер, 1 литар домашна ракија. Постапка: Во стаклена тегла редете ред вишни, ред шеќер додека има состојки. Потоа прелијте со ракија и добро затворете.
Оставете ги теглите на сонце 40 дена, протресете неколку пати за да се растопи шеќерот. Потоа се складира во шишиња и се пие разладено. Една чашка на ден е доволна да се пие за здравје.
За оние што прават првпат: семките не се вадат, само вишните треба да бидат здрави, да нема скапани меѓу нив. Потоа може да се користат за Шварцвалд торта, за чоколадни пралини со вишни, шери чоколатца… Многу се силни, впиваат доста ал-кохол.
Вишните може да ги оставите во ракијата и да не ги процедувате. Исто така, овој ликер може да се приготви и од смрзнати вишни. Еве уште една идеја кога веќе пишуваме за ликери: Земете една голема тегла од 5 или повеќе литри, па започнете во неа да редите сезонско овошје, ред овошје, ред шеќер, ред ракија и ред рум.
Важно е секогаш да има прст ракија над овошјето. И како излегува ново овошје вие така дополнувајте го. Вака ќе добиете ликер од разно овошје кое може да се користи и за пиење и за подготовка на разни колачи.