За сите кои постат ова е одличен рецепт за вкусен десерт. Се приготвува за само неколку минути, единствено што треба да почекате е да се олади и стврдне. Ако многу ви се брза можете да го ставите и во замрзнувач. Во рецептот не е спомнато, но по желба можете да користите и мелени лешници, чоколадо или нешто друго по вкус.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 литри вода, 500-600 г гриз, 300 г шеќер, 1 ванилин шеќер или екстракт од ванила, 200 г кокос, 2 лажици какао во прав. Може да додадете и малини, јагоди, банани или џем. Во рецептот е користем џем од малини.




ПОСТАПКА: Сварете го гризот во вода заедно со шеќерот и ванилата. Варете додека смесата да зоврие, а потоа да се згусне. Важно е постојано да мешате со шпатула или дрвена лажица за да не се формираат грутчиња од гризот. Веднаш поделете го на два еднакви делови, па во едниот додајте кокос, а во другиот какао. Калап со пречник од 25 см обложете го со проѕирна стреч фолија.




Излејте го првиот дел со кокос, па премачкјате со 4 лажиџи џем или рамномерно распоредете некое овошје по ваш вкус, па одозгора прелијте го вториот дел со какаото. Оставете го колачот добро да се стегне во фрижидер или еден час во замрзнувач.

Во случај колачот ако го правите во истиот сад каде што ќе го послужите, тогаш прво додајте го темниот дел од смесата, па одозгора светлиот. Јас го правев во флексибилен калап каде што после ќе го превртам кога ќе се стегне, па затоа смесите ги додавав одделно.




Потоа превртете го колачот и така извадете го од калапот. Отстранете ја фолијата и наросете го со кокос или декорирајте го по ваша желба. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за многу вкусен посен колач со ореви:




Посен а сочен колач со гриз и ореви, додека се пече цела куќа мириса убаво. Посен колач, одличен за слави, но и за секојневен десерт: Македонскиот колач е толку добар што додека го печете целата куќа ви мириса прекрасно, а за вкусот нема потреба да се коментира – пробајте го и уверете се сами…




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 шолји газирана вода, 5 шолји брашно, 3 шолји масло, 3 шолји пченичен гриз, 1 лажичка цимет, 100 г сечкано суво грозје, 100 г сечкани ореви, 1 прашок за печиво. ЗА СИРУП: 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 250 мл вода. За наросување: 50 г сечкани ореви, по желба, 1 шолја = 150 мл.

ПОСТАПКА: Просејте 5 шолји брашно со еден прашок за печиво и една лажичка цимет. Додајте три шолји гриз, 100 г крупно сечкано суво грозје и 100 г крупно сечкани ореви. Сето убаво измешајте го во вангла.




Во средината од сувите состојки направете вдлабнатина, па излејте 5 шолји газирана вода и три шолји масло. Сето убаво промешајте го за да се изедначи смесата. Може да користите и миксер, а можете и едноставно со жица за матење. Рерната загрејте ја на 180 степени. Плехот со димензии 25х35 см обложете го со хартија за печење и излејте ја смесата.




Одозгора врз тестото можете да наросите и 50 г сечкани ореви. Печете 35-40 минути. Пробајте со чепкалка дали е печен колачот, извадете го плехот и оставете го колачот да излади. Во меѓувреме направете го сирупот: сварете 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 250 мл вода околу 3-4 минути и со врел сируп прелијте го изладениот колач.




Колачот оставете го на собна температура додека да го впие целиот сируп.
Сечете на коцки, штангли, триаголници, а може и директно да се јаде од плех за нестрпливите. Можете да ставите и прелив со чоколадо и така колачот е уште повкусен! Во тој случај тестото не се наросува со сечкани ореви пред печењето.




Глазура се прави од 100 г темно чоколадо, 50 г путер, 1 лажица кисела павлака, 1 лажица масло – сето добро се соединува на тивок оган и се прелива преку колачот. Одлично се сече, чоколадото не се двои од кората без разлика што претходно била прлиена со сируп.