Овој вкусен десерт во рецептот не содржи овошје, како што обично сте навикнати на летните чизкејк колачи, но затоа е многу поедноставен за правење од вообичаените рецепти. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
2 готови лиснати теста (ако се исечени во триаголници за кроасани, само притиснете со прстите за да се спојат засеците)
500 г крем сирење
1 јајце
1 чаша шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
2 супени лажици цимет
ПОСТАПКА:
Додека ги изматите состојките загрејте ја рерната на 180 степени. За тоа време изматете го крем сирењето во сад со миксер додека смесата да стане мазна и кремаста.
Додајте половина шолја шеќер, јајцето и ванилата и продолжете со кратко матење за да се изедначи.
Лиснатото тесто развлечете го така да биде тенко. Потребни ви се два листа со големина на плехот во кој ќе го печете садот (средна големина).
Во помал сад измешајте го преостанатиот шеќер со циметот и потоа посипете половина од смесата на дното на тавата.
Над неа ставете една кора од тестото, сипете ја одозгора смесата со крем сирење и распоредете, покријте ја со друга кора и посипете ја со остатокот од мешавината од шеќер и цимет.
Ставете во рерна, печете половина час, па оставете да се излади целосно, исечете ги на коцки и УЖИВАЈТЕ! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.