Гриз колач со јаболка и ореви и прелив, се топи во уста. Толку сочен што се топи во уста – Гриз колач со јаболка и ореви, прелиен со свиленкаст чоколаден прелив. Рецепт на CooKing рецепти – Сочен гриз колач со јаболка и ореви, прелиен со прекрасен чоколаден прелив. Мерки на шолја од 250 мл.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, ½ – 1 шолја (од 250 мл) шеќер, по вкус, 1 шолја (околу 240 г) гриз, 5 г прашок за печиво или сода бикарбона, 3-4 јаболка (околу 650 г), 1 шолја крупно мелени ореви (околу 150 г), 10 г ванилин шеќер (1 ќесичка), 1 лажичка цимет, 4 лажички какао (7-10 г), ½ шолја масло (125 мл), 1 шолја (250 мл) јогурт.




ЗА ПРЕЛИВ: 1 шолја (250 мл) млеко, 100 г чоколадо, ½ шолја шеќер, може и помалку, 50 г путер или маргарин, 3 лажички какао. ПОСТАПКА: Оревите сомелете ги и помешајте ги со една шолја гриз. Во сувата мешавина додајте 1 лажичка прашок за печиво и 4 лажички какао во прав. Промешајте за да се изедначат состојките.

Пенасто изматете две јајца со половина или цела шолја шеќер (по ваш вкус), додека да згуснат и побелат. Додека матите со миксерот додајте половина шолја масло, па една шолја јогурт и на крај намалете ја брзината и додадете ги сувите состојки.




Изедначете. Јаболката излупете ги, изрендајте ги, додајте една лажичка цимет и една ќесичка ванилин шеќер. Јаболката додајте ги во изматената смеса и промешајте за да се соединат. Калап со средна величина намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја приготвената смеса.

Ставете да се пече во претходно загрена рерна на 200 степени околу 40 минути. Проверете со чепкалка кога е готов колачот, па потоа извадете го од рерната. Додека се пече колачот пригответе го преливот, бидејќи се прелива топол на топлата кора.




ПОДГОТОВКА НА ПРЕЛИВОТ: Во тенџере ставете 250 мл млеко, 100 г чоколадо, 50 г путер, 3 лажички какао и половина шеќер или по вкус. Откако ќе проврие смесата варете ја уште една минута на тивок оган со постојано мешање. Потоа оставете ја глазурата 2-3 минути да подизлади.




Бисквитот избоцкајте го на повеќе места и додека е врел прелијте го со топлиот чоколаден прелив. Почекајте 5 минути па исечете го на коцки. Оставете да излади и послужете го. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте уште еден многу сличен рецепт кој ќе ве облее и со мирис и вкус:




Шербетен колач со ореви – се мери со шолја за кафе, а вкусот е како од бајка. Позната оринетална слатка за сите љубители на шербетните колачи – како баклава без кори или како напредната верзија на арапскиот колач од бајките.

„Овој рецепт го најдов одамна на нет, но првпат го приготвувам со некои мали промени и морам да признам дека сум воодушевена!“. Рецепт на Скопјанка.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 4 шолјички (за кафе) масло, 6 шолјички млеко, 3 шолјички гриз, 5 шолјички брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, 100 г мелени ореви, 100 г суво грозје. ЗА ШЕРБЕТ: 900-1000 г шеќер, 1000 мл вода, лимон (сок или сечени тркалца). И УШТЕ: 100 г ореви за наросување одозгора.




ПОСТАПКА: Јајцата добро изматете ги со миксер додека да побелат и згуснат, додајте го шеќерот и матете додека да се растопи, па додадете масло, млеко и сите останати состојки. Добро соединетата смеса излејте ја во намастен плех 30х40 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу половина час.




Шербетот се вари околу 15-30 минути на тивко-умерен оган, а пред крајот му се додава сок од лимон или лимон исечен на тркалца. Ладниот колач прелијте го со млак шербет, никако врел, одозгора богато наросете го со ореви и оставете добро да излади 24 часа, па дури тогаш послужете го.

Најдобро е да се чува во фрижидер, кога колачот е добро изладен има супер вкус. Можеби на почетокот ќе ви изгледа дека има премногу шербет, но колачот сè впива и треба да биде доста сочен. Се мери со шолја за кафе. / Сoolinarika.com