Home закуска Овие тиквички би можела да ги јадам секој ден…Вечера за 10 минути…прсти...

Овие тиквички би можела да ги јадам секој ден…Вечера за 10 минути…прсти да излижеш

Овие тиквички би можела да ги јадам секој ден…Вечера за 10 минути…прсти да излижеш! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 тиквички, рендани
1 домат, ситно сечкан
4 јајца
6 лажици брашно
магдонос, лук во прав, сол, црн пипер
рендан кашкавал и мајчина душичка за посипување

ПОСТАПКА:

1.Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги 10 минути. Потоа низ раце истискајте ги од вишокот сок.

2.Додајте ги јајцата, доматот, магдоносот и зачините, промешајте, па на крај додајте го брашното и сето изедначете го.

3.Смесата распоредете ја во огноотпорен сад претходно намастен и печете во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути.

4.Извадете го од рерна, наредете тркалца домати, посипете рендан кашкавал и сува мајчина душичка, па вратете да се допече на 180 степени уште 10-15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.