Сите ги сакаат пирошките, особено додека се топли, а тенката коричка крцка кога ќе ги гризнете. За филот е дискутабилно да се говори, бидејќи некои ги обожаваат оние со сирење, некои со кашкавал, или шунка и кашкавал…комбинации има безброј.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во првиот рецепт ќе ви откриеме како да приготвите вкусни и евтини пирошки со компир, кои се толку мекички, што можете да ги јадете и следниот ден, ако ви останат. Вториот рецепт е класичен рецепт за пирошки кои се приготвуваат од лудо тесто, а кое можете да го користите по потреба и секој ден да си правите помала количина, колку за појадок, на пример. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
РЕЦЕПТ 1 – ПИРОШКИ СО КОМПИР – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г варен компир, 100 г путер/маргарин, 10 г сув квасец (1 кесичка), 250 мл млако млеко, 4 жолчки, 1 лажица сув зеленчуков зачин (вегета), малку сол, 600 г брашно. И уште: 4 белки, лебни трошки за валање, фил по желба
ПОСТАПКА: Сварете го компирот, излупете го, па додека е сè уште топол додајте му 100 г путер и испасирајте го со виљушка додека да добиете изедначено пире без грутки. Ако ви е полесно користете миксер.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во длабок сад растворете 10 г сув квасец со 250 мл млако млеко. промешајте за да се раствори квасецот, а додека мешате додавајте една по една, вкуспно четири жолчки. Матете додека убаво да се изедначат. Во смесата додајте го пирето од компир и добро изматете со виљушка додека да се инкорпорираат состојките.

![]()
![]()
![]()
![]()

Потоа додајте го брашното и замесете со рака. Ќе добиете фино, мазно и компактно тесто. Формирајте топка и оставете поклопено да стасува 40 минути во топла просторија без провев. Стасаното тесто истресете го на набрашнета работна површина, малку премесете го, па равлечете голема праволаголна кора.
![]()
![]()
![]()
![]()
Исечете ја кората на праволаголници, по долж ставете фил од сирење и кашкавал (по желба), свиткајте во ролничка и залепете ги краевите за да не истекува филот при пржењето.

Приготвените пирошки натопувајте ги прво во белките, а потоа валајте ги во лебни трошки/презла, па пржете ги во загреано масло на умерена температура додека убаво да заруменат од двете страни. Според овој рецепт пирошките ги приготви нашата драга членка Џули Најдовска и ги објави во гpyпата НМД рецепти. А еве го и вториот рецепт:





РЕЦЕПТ 2 – ПИРОШКИ ОД ЛУДО ТЕСТО – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг бело меко брашно, 300 м густ јогурт, 50 мл масло, 350 мл млако млеко, 2 цели јајца + 1 жолчка, 40 г свеж квасец, 2 лажици шеќер и 1 лажица сол. За фил: 300 г сирење и 1 белка
ПОСТАПКА: Во млако млеко растопете го квасецот, додајте шеќер, сол, масло и разматени јајца. Брашното просејте го и во средината направете вдлабнатина, па додајте јогурт (замлачен или на собна температура), па полека додавајте го млекото и замесете тесто.
![]()
![]()
![]()
![]()
Тестото покријте го и ставете го во фрижидер да одмори најмалку еден час, а може и повеќе. Ова тесто може да стои со часови и денови, бидејќи постапката е иста како за „лудо тесто“, тоа убаво ќе порасне и во фрижидер.
Кога сакате да правите пирошки, само откинете од него колку што ви е потребно и без премесување развлечете кора со дебелина од 1 см, сечете на квадрати, премачкајте ги малку со вода и филувајте ги со сирење помешано со белка. Пирошките затворете ги а краевите притиснете ги малку со прстите за да не излегува филот.
![]()
![]()
![]()
![]()
Овие пирошки се пржат во длабоко масло околу 3-4 минути, се вадат и се редат врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Тие се крцкави однадвор а меки одвнатре. Послужете ги со јогурт, кисела павлака, млеко…































