Сите ние имаме некои чудни навики и рутини кои ни дозволуваат да го одложиме перењето на облеката колку е можно подолго. меѓутоа, постои одредена граница која не треба да се мине.
Тоа особено се однесува на долната облека која е поделикатна отколку што мислиме, особено брусхалтерите кои веројатно треба да се перат значително почесто отколку што тоа го правите.
Иако повеќето жени ги перат брусхалтерите поретко од маиците и другиот веш, вистина е дека – колку нештото е поблиску до телото, толку почесто треба да се пере. Мери Беговиќ Џонсон, експерт од Проктор и Гембл, за Базфид изјавила дека не би требало да се носи еден ист брусхалтер повеќе од три до петпати едноподруго.
Всушност, брусхалтерот би требало да се стави во корпата за валкани алишта најмалку еднаш седмично.
Ова е научно потврден факт, а не нешто што постојано ни го говореле нашите мајки. А доколку не обрнувате поголемо внимание на хигиената на брусхалтерот, постојат сериозни последици.
1.Грозни работи се таложат на вашиот брусхалтер
Бактерии, нечистотија, масти, лосиони, микроорганизми и габички се само некои од работите кои се таложат на овој дел од облеката. Џошуа Зајхнер, дерматолог од Њујорк, наведува дека овие работи обично не се опасни во контакт со кожата, но кога сите заедно ќе се искомбинираат на едно место, прашање е само во што ќе прераснат.
2.Вашиот брусхалтер ќе започне да смрди, а заедно со него и другата облека
Ако не ги перете алиштата доволно често, тие се засмрдуваат. Истото се случува и со брусхалтерот. не е важно колку пати ќе се испрскате со парфем додека се подготвувате, евентуално ќе дојде до точка на неподнослива срдеа, а што е најлошо – вие ќе се навикнете на тој мирис кој може да се пренесе и на остатокот од вашата облека.
3.Вашиот брусхалтер може да се извалка со дамки
Дезодорансот е вашиот најдобар пријател, се’ додека не остане на ткаенината неколку денови и почне да создава жолти дамки.
4.Може да дојде до појава на акни
Ако многу вежбате во спортски градници, а не ги перете редовно, многу е можно дека ќе дојде до појава на акни поради потта и нечистотијата.
Брусхалтерите се посебно неугодни бидејќи се во директен контакт со чувствителната кожа и тесни, па лесно доаѓа до триење, што е одлично за развој на акни.
5.Може да дојде до осип или инфекција
Наводно облеката е еден оф главните причини за сериозна иритација на кожата. Понекогаш е причина тесната облека, но далеку почесто е тоа што не се пере редовно. Обично бактериите и габичките од брусхалтерот се “сместуваат” под градите, каде што им е топло и влажно, па предизвикуваат црвени печати и сериозни проблеми ако навремено не се превземат мерки.
6.Можно е да ви се изиритираат брадавиците
Изиритираните брадавици се многу непријатна состојба и еден од најчестите причини е непријатниот брусхалтер.
Поради испотената облека и сувата кожа може да дојде до оваа состојба која навистина не ви е потребна. Затоа, направете си себеси потсетник за редовно перење на брусхалтерите, бидејќи ништо ова нема да ви се случи со чист градник.