Постојат работи кои можеби е најдобро да ги премолчите пред вашата најдобра пријателка. Но кога станува збор за гинекологот, работите се поинакви. Веројатно од срам и неугодност, многу работи се премолчуваат пред него. Но, не заборавајте дека токму гинекологот видел и слушнал се’, така што нема потреба од срамежливост, туку напротив, пред него треба да бидете искрени.
Со криење на многу важни детали можете сериозно да го загрозите сопственото здравје. Погледнете кои работи никако не смеете да ги премолчите од вашиот гинеколог:
1.КОЛКУ ПАРТНЕРИ СТЕ ИМАЛЕ ДОСЕГА?
Доколку сте биле сексуално поактивни оваа година, би требало да му го кажете тоа на вашиот гинеколог, и тоа без да чекате тој да ве праша. Сигурно дека нема да ве осудува, туку тоа ќе му биде многу важна информација при прегледот.
2.СТЕ ИМАЛЕ БАРЕМ ЕДЕН НЕЗАШТИТЕН ОДНОС
Еднаш ви се случило да не користите кондом, а потоа сте добиле менструација и не сте имале никакви симптоми кои би можеле да укажуваат на полова болест? Сеедно, би требало да се тестирате, затоа што некои болести, како што е кламидија можат да поминат и без симптоми, додека некои како ХПВ можат и со години да живеат во вашиот организам. Вие сте одговорни за се’ што нема да пријавите кај гинекологот.
3.НЕ МОЖЕТЕ ДА ДОЖИВЕЕТЕ ОРГАЗАМ
Ако не посетите сексолог, кој друг би можел да ви даде добар совет ако го имате овој проблем? Верувале или не, гинеколозите навистина можат да ви помогнат со овој проблем, а може да се случи овој проблем да е предизвикан од други здравствени проблеми.
4.ПОВРЕМЕНО КРВАРИТЕ ПОСЛЕ ОДНОС
Ако ова се случило еднаш и тоа после груб секс, тогаш не би требало да дигате паника и да трчате кај гинекологот. Но, честото крварење после сексот може да укажува на инфекција или предканцерозни проблеми со грлото на матката. Обратете се кај гинекологот, затоа што е најдобро да бидете сигурни за што станува збор.
5.МЕНСТРУАЦИЈАТА ВИ СТАНАЛА ПОИНКВА ОД ВООБИЧАЕНО
Иако сте сигурни дека не сте трудни, промената во изгледот на менструацијата е причина за одење кај гинеколог. Ако ви е пообилна од вообичаено, или пак помалку обилна, секако би требало тоа да му се нагласи на гинекологот, затоа што тоа може да биде показател за хормонално пореметување, циста или инфекција.
6.ЧУВСТВУВАТЕ БОЛКА ПРИ ОДНОС
Ако чувствувате болка при односот, немојте да се срамите и да му се обратите на гинекологот. Можеби патите од сува вагина (линк), можеби е спореден ефект од апчињата за контрацепција, а можеби имате проблем со матката. Не заборавајте дека ваквите проблеми ги имаат многу млади жени, не само постари, затоа морате да му го споменете ова на гинеколот. Со решавањето на овој проблем ќе имате многу подобар сексуален живот.
7.ПИЕТЕ ЛЕКОВИ И СУПЛЕМЕНТИ
Ова е важно да го кажете од повеќе причини: ако сакате да ги промените апчињата за контрацепција, или сакате да останете бремени, или мора да одите на операција. Па дури и суплементите можат да имаат контраиндикации, па затоа известете го гинекологот за се’ што користите.
8.СТЕ БИЛЕ СИЛУВАНА
Ако барате некој кому би се исповедале и побарале заштита, или сте загрижени од полови болести, вашиот гинеколог може да ве упати на вистинската адреса. Ова е многу важно да му го откриете на вашиот гинеколог, посебно ако го посетувате само еднаш годишно.
9.ИСЦЕДОКОТ ИМА НЕПРИЈАТЕН МИРИС
Ова обично е знак за инфекција или рН дисбаланс, проблеми кои вашиот гинеколог лесно може да ги реши. Исто така, може да се случи дека изворот за вашиот непријатен мирис е заталкан дел од тампонот, така да во тој случај секако морате да го посетите гинекологот. Помали промени во исцедокот се нормални, но ако забележите нешто потполно невообичаено за вас, обратете се кај гинекологот.
10.САКАТЕ ДА ОСТАНЕТЕ БРЕМЕНА
Ако планирате бременост во следниот период, морате да го известите вашиот гинеколог. Тој може да ви даде одлични совети, и да ја провери општата состојба на вашиот организам и вашата плодност. Дури и да не планирате бременост, а сте загрижени околу вашата плодност, и тука вашиот гинеколог може да ви помогне.
Лекарите обично велат дека треба да се подготвувате за бременост дури и тогаш кога тоа не ви е во план.