ОВЕСНО МЛЕКО: Многу е вкусно, пробајте го, а и брзо се прави…За сите што постат или внимаваат на килограмите – одлично е! Еве што ви е потребно според рецептот на Верица Николиќ:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г овесна каша
800 мл вода
1 лажица мед
2 лажички арома на ванила
1 литар вода
ПОСТАПКА:
Овесните снегулки ставете ги во длабок сад и прелијте ги со 800 мл ладна вода. Покријте и оставете еден час да отстојат на собна температура.
Потоа ставете ги набабрените снегулки (заедно со течноста) во блендер или нутрибулет, додајте мед и убаво изблендирајте. Јас ги ставив на двапати, а вие колку ви собира блендерот.
Префрлете ја смесата во длабоко тенџере или некој сад и прелијте со 1 литар ладна вода. Додајте арома на ванила и измешајте. Оставете да отстои околу 15 минути.
После тоа, процедете преку поголема цедалка за чај (или преку газа) и добиеното млеко складирајте го во соодветен сад. Повеќето од остатоците од снегулките ќе останат на дното (можете да ги искористите за разни каши за појадок или вечера…).
Најдобро е млекото да го складирате во стаклени шишиња и да го чувате во фрижидер до 1 недела без да го промени вкусот. Добив 1,6 литри млеко. Густината на млекото одредете ја сами, доколку сакате уште поретко млеко додајте уште вода.
Не сакав да го процедам низ газа, бидејќи нема потреба. Пред употреба протресете го млекото. Ако сакате да нема ни малку остатоци од снегулките, тогаш прво процедете го низ цедалка, па преку газа.
Вкусно е и само со овесни снегулки, но со додаток на мед и ванила е уште повкусно. Рецепт и фотографија на Верица Николиќ.