Многу ги сакам брзите колачи кои се прават во еден чекор. Само измешајте ги состојките, излејте во калап за печење и испечете го колачот. Спојката на овие состојки е перфектна и колачот има многу сочен и освежителен вкус. Одличен вкус од едноставни состојки. Лесен десерт кој може да се направи за појадок или за вечера за 5 минути.




Рецептот е едноставен и брз, но многу вкусен. Сè што можам да кажам е дека го направив многу брзо, и дефинитивно ќе го повторам наскоро. Толку едноставен и совршен дури и за оние кои немаат искуство, а сепак сакаат да приготват вкусен и убав колач. Колачот е притоа и многу здрав, а не содржи ни многу шеќери. Можете да го подготвите како голем колач или како мафини. Еве што ви е потребно да го подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (КОЛАЧ): 130 г овесни снегулки (без глутен) (1 1/2 чаша), 240 мл топла вода (1 чаша), 2 јајца, 30 г (2 1/2 лажица) засладувач (стевиа/или по ваш избор), 1 лажичка екстракт од ванила, 120 г јогурт (1/2 чаша), 50 г растопен и изладен путер (1/4 чаша), 1 јаболко, 80 г боровинки, 7 г прашок за печиво (1/2 лажица).




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА МАФИНИ: 2 средни јајца, прстофат сол, 30 г засладувач, 1 лажичка екстракт од ванила, 120 г јогурт (1/2 чаша), 50 мл растително масло (1/5 чаша), 1 јаболко, 70 г боровинки (1/2 чаша), 100 г овес (1 чаша), 7 г прашок за печиво (1/2 лажиче).




ПОСТАПКА (КОЛАЧ): Во еден подлабок сад ставете ги овесните снегулки. Прелијте ги со 240 мл вода на собна температура и измешајте. Ставете ги настрана, додека овесот да апсорбира од водата и снегулките да набубрат. По изминатото време, скршете ги двете јајца и додајте ги во овесот, па добро измешајте. Потребно е да се добие густа смеса.




Додајте од засладувачот (може да користите стевиа, мед, јаворов сируп или кафеав шеќер), па повторно соединете. Ставете го екстрактот од ванила, па додајте го јогуртот кој исто така треба да биде отстојан на собна температура.

На крајот се додава растопениот путер и 1 лажичка прашок за печиво и целата смеса убаво се соединува додека да добие течна конзистентност. Исечкајте 1 јаболко на ситни коцки, додајте го во смесата, како и боровинките или некое друго шумско овошје по вкус.




Во калап со димензии 20х8 см или некој со слична големина излејте ја смесата и добро измазнете ја со шпатула. Ставете го колачот да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 50 минути. Доколку користите понизок калап, колачот се пече помалку. ПОСТАПКА ЗА МАФИНИ: Овесните снегулки сомелете ги во блендер, па овесното брашно соединете го со прстофат сол и прашокот за печиво.




Во друг сад измешајте ги двете јајца, засладувачот, екстрактот од ванила, јогуртот и маслото. Излејте ја смесата од суви состојки и добро соединете ги со влажните. Формирајте смеса која лесно ќе се разлева. Јаболкото исечкајте го на многу ситни коцки, па заедно со боровинките соединете ги во смесата.




Излејте ја смесата во калапи за мафини, повеќе од половина и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Мафините и колачот имаат исти вкус, се подготвуваат од исти состојки, така што може да ги подготвите во каков калап и да имате и како ви е полесно. Деталите за првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ, а за вториот ОВДЕ.