ОВЧАРСКА ТОРБИЧКА – Capsella Bursa-Pastoris (Русомача, „ме сака-не ме сака“, Бабини гниди, Моминска трева). Овчарската торбичка е едногодишно или двегодишно растение, со исправено, слабо разгрането стебло високо до 50 см. Цвета од март до ноември.
Листовите во основата му се покрупни и перјасто разделени, цветовите се бели и ситни, во гроздовидни соцветија. Плодовите се ситни тркалезно-срцести лушпи. Расте насекаде покрај патишта, ливади, полиња и градини и најчесто се смета за коров.
УПОТРЕБА:
За лек се собира надземниот дел, кој се употребува против сите видови на кpвавења (од нос, желудник, црева, хемороиди, од pани кога кpвавењето не може да запре) и кај неуредна менcтруација.
При силни менcтруални кpвавења треба да се пијат по две чаши чај (на 200 мл зовриена вода се става полна чајна лажичка од билката), осум до десет дена пред менcтруацијата. Овој чај се користи и за регулирање на менcтруацијата во пубертет.
Во периодот на менопауза секоја жена би требало да пие по две чаши чај, во текот на четири седмици, а потоа да се направи пауза од три седмици, па да се повтори цикусот.
Исто така, се употребува и за лекување на тyмори (фиброми) на матка, за регулирање на кpвниот притисок (и за висок и за низок кpвен притисок).
Овчарската торбичка може да се употребува за болести на мускулите, зглобовите, слабост на мускулите на дебелото црево, пролапс (испаѓање на дебело црево), матка и кила. Се употребува во форма на чај, облоги, купки и тинктура.
Класично приготвување на чај
Полна чајна лажица сува билка се попарува со 250 мл врела вода, се остава кратко да отстои, па се процедува.
Облога: две полни раце овчарска торбичка (по можност свежа) се става на цедалка врз пареа додека да омекне. Омекнатата билка се става на памучна крпа па се нанесува на болното место.
Тинктура: Свежа билка, листови, стебленце и цвет, ситно се сечка па растесено се полни стаклено шише до врвот, се прелива со 38-40% житна или овошна paкија, па се остава да отстои 14 дена на сонце или топло место. (за надворешна употреба).
Овчарската торбичка може да се меша и со други билки. Па така, при кpвавење на бубрези, може да се употреби чајна мешавина од еднакви делови на овчарска торбичка и коњско опавче.
Овој чај се пие незасладен а за една чаша се користи една лажица од мешавината.
При кpвавење на бели дробови: чајна мешавина од еднакви делови од овчарска торбичка, бела имела, троскот и корен од стеглива трева (potentilla erecta). Сите билки можете да ги набавите од билна аптека. Чајот се приготвува како што е наведено и во претходниот случај.
За в aгинален секрет: еднакви делови од овчарска торбичка и бела мpтва коприва (lamium album l.), а од мешавината се зема една чајна лажичка за една чаша чај. Се пијат по 2-3 чаши дневно, незасладени, во голтки.
За отечено грло: повеќе пати дневно се прави гргарење со чај од овчарска торбичка. За кр-вавење од нос: се капнува изладен чај од овчарска торбичка. За шеќерна болест: се пијат 2-3 чаши чај од овчарска торбичка.
Чајна мешавина против пролапс на матката:
Потребни состојки: 100 г овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), 100 г бисерок (Alchemila vulgaris), 100 г ајдучка трева (Achilea millefolium). Билките можете да ги набавите од билна аптека.
Сите билки се мешаат, па од мешавината се земаат 4 супени лажици и се прелеваат со 750 мл зовриена вода, па се остава 45 минути да отстои поклопено.
Се процедува и се пие во текот на целиот ден. Покрај овој чај, пожелно е да се пие и тинктура по две чајни лажички, една наутро, една навечер, растворени со малку вода.
Класичен рецепт за тинктура од овчарска торбичка:
Чиста тегла се полни со свежа исечкана билка. Се прелива со 70% алкоxол или посилна paкија. Теглата се затвора и се остава на темно место две седмици. Се процедува и се чува во стаклена тегла со добар капак.
За запирање на силно менcтруално кpвавење: по една чајна лажичка од тинктурата растворено во малку вода, на секои три часа. Може да се користи и за масажа и за дезинфекција на pани.
Чајна мешавина против висок кpвен притисок:
Потребни состојки: 100 г овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), 100 г коњско опавче (Equisetum arvense), 100 г глог (Crataegus oxyacanta). Билките можете да ги набавите од билна аптека.
Постапка: Сите билки се мешаат, па три супени лажици се прелеваат со 750 мл зовриена вода па се остава 45 минути поклопено. Се процедува и се пие во текот на денот.
Чајна мешавина против тромбоцитопенија:
Потребни состојки: 100 г овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), 100 г ајдучка трева (Achilea millefolium), 50 г имела (Viscum album). Билките можете да ги набавите од билна аптека.
Постапка: Сите билки се мешаат па 5 супени лажици се прелеваат со еден литар зовриена вода, се промешува и поклопува. Се остава да отстои еден час.
Се процедува и се пие во текот на денот, поделено во три дози, пред јадење, незасладено. Чајот се пие еден месец, па се прави пауза од една седмица, па се повторува циклусот.
КОМЕНТАР на Магдалена Ѓорѓиева: „Да, лековита гинекoлошки 100 г пакетче се вари со 2 литри вино и се пие по мала чашка неколку пати на ден”