ОВЧАРСКА ПИТА: брзо, вкусно и сочно јадење со мелено месо и пире, оригинално британско јадење. Оваа пита во 2017 година беше прогласена за најпребаруваната и најомилениот специјалитет од британската кујна.




Ова вкусно јадење е обожавано во светски рамки, а денес е многу проширено низ светот што се подготвуваат разни варијации од него, но главно тие се состојките. Покрај тоа, многу е здраво и со сигурност ќе ви се допадне и вам.




Потребни состојки: 3 лажици маслиново масло, 500 г мелено месо (по ваш избор), 2 мали главици кромид или 1 голема, 1 голем морков, 2 чешниња лук, 1-2 лажици ворчестер сос (по избор, а може и соја сос), 1-2 лажици доматно пире.



И уште: 250 мл црвено вино (1 чаша), 1 чаша пилешки бујон (коцка за супа во зачинета вода), 600 г компири за пире, 2 жолчки, 50 г путер, 30 мл млеко, 3 супени лажици пармезан, сол црн пипер, свежа мајчина душица и рузмарин за зачинување.




Постапка: Во нелепливо тавче ставете го маслото и почекајте да се загрее. Во загреаното масло додајте го меленото месо, посолете и зачинете го со мелен црн пипер. Месото пропржете го додека да добие убава кафеава боја.




Кога месото ќе потемни извадете го во чинија, а во тавчето додајте го ситно сечканиот кромид, морков и чешнињата лук, па измешајте. Продолжете со пржење додека зеленчукот да омекне.




Температурата намалете ја и додајте ги ворчестер сосот и доматното пире. Повремено мешајте ја смесата и по 1-2 минути готвење додајте го црвеното вино, листовите свежа мајчина душица и сечканиот рузмарин. Динстајте ги состојките неколку минути, додека количината на течност се намали за половина.




Во тавата додајте го пилешкиот бујон и динстајте за време од 3 до 4 минути. Потоа во оваа смеса вратете го меленото месо и соединете сè во вкусен сос. Тавчето тргнете го настрана. Во огноотпорен сад, излејте го сосот и распоредете го низ целата површина на садот.




Излупете ги компирите, исечкајте ги на коцки и ставете ги да се варат во вода која сте додале сол. Кога компирите ќе омекнат, од нив процедете ја водата и додајте го путерот исечкан на помали коцки. Мешајте до растопување.




Потоа додајте ги двете жолчки и веднаш измешајте ги во пирето за да не се формира омлет. Додајте го млекото, 2 лажици пармезан и зачинете по вкус. Соединете ги сите состојки во пирето. Оставете 1 лажица пармезан настрана за наросување одозгора.




Пирето излејте го во керамичкиот сад со мелено месо и добро распоредете го. Одозгора наросете го преостанатиот пармезан и ставете на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути, додека да зарумени површината. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.