Чоколадната торта која сите ми ја зборуваат колку била одлична. Ја правев пред 3 години за роденденот на ќерка ми и сите беа воодушевени, па сега решив да го напишам рецептот бидејќи е многу барана.




Состојките се тие кои на нас домаќинките ни се познати, но мислам дека одличниот вкус се должи на нивната количина. Од сè има умерено, па затоа во вкусот не доминира некоја состојка повеќе или помалку. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за калап со пречник од 18 см: 3 јајца, 80 г шеќер, прстофат сол, 50 мл млеко, 30 мл масло, 80 г брашно, 20 г какао, 1 мала лажица прашок за печиво. ЗА КРЕМ: 300 мл павлака за миксање, 2 лажици Нутела или некој друг чоколаден крем. ЗА НАТОПУВАЊЕ НА БИСКВИТОТ: 1 мала лажица какао/Несквик, 100 мл млеко. ЗА ГЛАЗУРА: 70 г чоколадо, 50 мл неутрална павлака за миксање.




ПОСТАПКА: За да го подготвите бисквитот, најпрво скршете ги јајцата во еден подлабок сад, додајте прстофат сол и ставете го шеќерот. Започнете да матите со миксерот додека јајцата да станат пенасти и шеќерот започне да се растопува во нив.




Потоа додајте го млекото, маслото, па продолжете со матење уште малку. Просејте го брашното заедно со какаото и прашокот за печиво и мешањето продолжете го со шпатула. Смесата се излева во калап обложен со хартија за печење (со пречник од 18 см). Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути, а бисквитот одозгора покријте го со алу-фолија додека се пече.




Кога бисквитот ќе се испече, пресечете многу тенок дел од површината, а потоа кората напречно поделете ја на два еднакви делови. ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: 300 мл неутрална павлака се микса во цврст шлаг, апа се додава 2 лажици Нутела крем. Уште малку се мати со миксерот до соединување.




Настрана направете мешавина од 100 мл топло млеко и Нексвик. Со оваа мешавина се наквасуваат корите од бисквитот. Во калапот со флексибилен обрач се става првата кора, а потоа се наквасува со млекото и Нексвикот, па се премачкува со половина од кремот кој го подготвивте.




Одозгора ставете ја втората кора, наквасете со млекото, а потоа премачкајте со втората половина од кремот. Тортата се става во фрижидер да се стегне најмалку два часа.




За глазура, најпрво изблендирајте чоколадо во блендер и премачкајте ја тортата со кремот кој го подготвивте првичмо, оставајќи малку за на крај. Со изблендираното чоколадо декорирајте по страните на тортата, а на површината премачкајте со чоколадната глазура или само декорирајте со линии. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.